На празникот на кој Светата православна црква го чествува споменот на Светиот новомаченик Агатангел Битолски, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски, кој го носи името на овој маченик, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес во сослужение на Митрополитот Брегалнички г. Иларион и сите свештенослужители од градот Велес, како и клирици од другите намесништва на епархијата.
Со празнично слово и именденска честитка од името на целиот клир и целото патство на Повардарската епархија се произнесе отец Борислав Бобевски, кој му посака на Митрополитот Агатангел како и досега, успешно да долголетсвува на почвата Господова, и уште долги години да биде пример за ревносно извршување на Словото Божјо и ревносната љубов кон својот македонски народ, кој сите ние ќе го следиме.
По завршувањето на Литургијата беа осветени и прекршени славските колачи и беше послужена трпеза на љубовта.