Да го
започнеме, луѓе, непорочниот пост, кој е на спасение на душите. Да му служиме со
страв на Господа: да ги помажеме главите со елејот на милостињата, да ги измиеме
лицата со водата на чистотата; да не празнословиме со зборовите во молитвата, но
како што научивме... Отче наш, Кој си на небесата, прости ни ги согрешенијата
наши, зашто си Човекољубец.
Утрена,
Чист Понеделник
Поуки од Светите отци: Еве сега е денот на
спасението, еве сега е време благопријатно (2.Кор. 6,2). Сега настана време кога
се примаат молитвите и молењата.
Царството Божјо е сега близу секому кој Му
служи на Бога и на правдата, затоа што настанаа денови на чесен пост за оној кој
навистина во чистота пости.
Свети
Ефрем Сирин
Молитва:
Господи, на почетокот на времето
на овој свет пост, стремејќи се повторно да Те најдеме, помогни ни, молитвите на
нашето срце, мислите на нашиот ум и зборовитена нашите усти секогаш да Ти бидат
угодни. Помогни ни постот да го одржиме и укрепи нè да го завршиме она кон кое
се стремиме, во слава на Името Твое. Амин.
Читања од Светото Писмо:
Исаија 1,
1-20
Битие 1, 1-13
Соломонови Изреки 1, 1-20
Созерцание: Измијте се,
исчистете се; иставете ги од очите Мои лошите дела свои; престанете да правите
зло; научете се да правите добро, барајте правда, спасувајте угнетен,
заштитувајте сирак, застапувајте се за вдовица.
Иса. 1, 16-17
Подготви: А.Л.
18. 03. 2013 г.
Преподобен Марко Подвижник
Аскет и чудотворец. Замонашен од својот учител Св. Јован Златоуст во четириесеттата година од животот, Марко помина уште шеесет години во Нитриската пустина во пост, молитва и пишување на духополезни книги. Целото Свето Писмо го знаеше наизуст. Беше многу милостив и плачеше над бедата на секое Божјо создание. Еднаш плачејќи Му се помоли на Бога за слепото малечко на една хиена и тоа прогледа. Од благодарност хиената мајка му донесе една овновска кожа. Но светителот ѝ забрани на хиената во иднина да ги коле овците на кутрите луѓе. Причест примаше од раце на ангели. Неговите беседи за духовниот закон, за покајанието, за трезвеноумието итн. спаѓаат во првокласната црковна книжевност, нив ги фалеше и возвишениот патријарх Фотиј.
Друго:
Великопосни Богослужби (14.02.2010)
СИНАКСАР - Оној што отпадна заедно со паднатите (ангели), поради слатката храна (Сиропусна недела)
+++
Друго:
- Великопосни Богослужби (14.02.2010)
- ПОНЕДЕЛНИК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (15.02.2010)
- ВТОРНИК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (16.02.2010)
- ЧЕТВРТОК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (18.02.2010)