Во првата недела од Великиот пост кога Црквата Христова си спомнува за победата на Православието над иконоборците, настан што се случил во 8-от век, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на Епископот велички г. Јосиф отслужи света Василиева Литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје. На Литургијата во свештенички чин беше произведен ѓаконот Ангел Сердарски. По Литургијата беше приредена свечена академија.
Извор: Скопска епархија