Во црквата Раѓање на Пресвета Богородица во Мичиген, на часовите по веронаука присуствуваше и нашиот надлежен Митрополит г.Методиј.Инаку часовите се одвиваат секој петок во 20 часот навечер во самата црква.На присутните им се обрати и надлезниот Архиереј г. Методиј посакувајки им добар успех и напредок во понатамошното школување.На крајот од часот сите дечиња пристапија и испросија благослов од Владиката. Исто така во просториите на халата при црквата се одвиваат часови по македонски јазик и литература и се негува македонското оро и песна преку културно уметничкото друштво Танец, кој го сочинуваат истите дечиња.
За време на изминативе празници дечињата за да ја запазат традицијата кршеа и колач со паричка во кој се избра и нов кум за до година во лицето на малото кумче Безановски
Известува: отец Синиша
Посети:{moshits}