Пастирска конференција во Џорданвил
На 2 и 3 Април, во манастирот Света Троица во Џорданвил се одржа пастирска конференција на Источно-Американската епархија на Руската Задгранична Црква.
На конференцијата земаа учество Митрополитот на РЗЦ, Иларион, викарниот епископ Георги како и 85 свештеници како и Семинаристите при Светотроитската Семинарија која се наоѓа овде, во Џорданвил.
Конференцијата започна со молебен за “пред почеток на секое добро дело” во Семинарската сала.
Оваа пастирска конференција се одржува секоја година, во првата половина на Великиот Пост. Целта на истата е да се даде духовна поткрепа на свештениците меѓу себе со тоа што се одржаа неколку предавање за животот на Архиепископот Аверкиј (како овие пастири со својот живот му слижеа на Бога и беа пример на верниците), Митрополитот Никон. Еден од свештениците ни раскажа за мисијата на Руската Задгранична Црква во Гватемала, во Централна Америка, нејзиниот напредок и сл. Исто така, на крајот сите бевме собрани во круг и дискутиравме на различни прашања со кои еден свештеник се соочува или допрва треба да се соочи. Ние како Семинаристи им поставувавме прашања а тие преку одговорите ни го пренесуваа нивното свештеничко искуство. Всушност тоа и беше целта на оваа пастирска конференција: во периодот на Великиот Пост да се соберат свештениците, да си дадат духовна подршка еден на друг, да ги споделат нивните свештенички искуства и доколку имаат некои нејасни работи сите заедно да најдат одговор на истите.
На оваа конференција беа донесени на поклонение светите мошти на свети Лука, архиепископ Кримски. Прекрасен светител кој живеел во времето на советскиот сојуз, која црквата беше прогонувана. Свети Лука бил хирург, но по Божја волја тој стнала јеросвештеник и на крајот владика. Бил прогонувал од безбожната власт во Русија, но имал силна вера во Христа и продолжил да го проповеда словото на Вистината како архиереј, а воедно и ја вршел својата работа како хирург.
Во поздравното слово на Архимандрот Лука ни сподели дел од неговото лично искуство како монах кој веќе е 38 години во Џорданвил. За време на конференцијата ни заврна снег па отец Лука рече: “Светите отци, кои се подвизуваа во нашиот манастир, секогаш велеа што снегот и снежното време во време на Великиот Пост ни помага нам, повеќе да се фокусираме и сконцетрираме на молитвата”.
На вториот ден, среда, конференцијата заврши со литургија на Претходно-осветените Дарови на која чиноначалствуваше Митрополитот Иларион, епископот Георги, нашиот настојател и архимандрит Лука како е сиот многуброен свештенички клир.
Прекрасно беше за нас, како Семинаристи да присуствуваме на оваа конференција затоа што истата беше од голема духовна корист за нас. Како што веќе кажав, целта беше да се собере сиот свештенички клир, да дискутираат за некои пастирски прашања на чело со својот пастир, Митрополитот Иларион.
Слава на Бога!
Манастир Света Троица,
Џордавил, Њујорк
Чтец Стојан Серафим Андов
Фотографиите се преземени од официјалниот сајт на Источно-Американската Епархија на РЗЦ.