Спаси ги, Господи,
Твоите луѓе и благослови го Твоето наследство, победи на православните над
противниците дарувај им, сохранувајќи го со Крстот Твој, Твојот
народ.
Тропар
Денес е ден на поклонение на Чесниот Крст. Сега е положен пред
нас и сјае со сјајот на Христовото Воскресение. Да пријдеме и да го целиваме со
голема душевна радост.
Утрена, Крстопоклона Недела
Молитва:
Господи, дај ни, без обзир на потешкотиите, од
срце да се отповикаме на молбите на оние на кои им е потребна помош, заради
Името Твое. Да напредуваме во сè што е богоугодно, со Чесниот Крст Твој како наш
светилник и со благодатта Твоја.
Читање од Светото Писмо:
Послание до Евреите 4, 14-5,
6
Свето Евангелие по Марко 8, 34-9, 1
Созерцание: ...И им рече Исус: »Кој сака да
доаѓа со Мене, нека се одрече од себе, го земе својот крсти и нека тргне по
Мене«.
Свето Евангелие по Марко 8, 37
Подготви: А.Л
Глас четврти:
Денес е почеток на нашето спасение и откривање на вечната тајна: Синот Божји станува Син на Дева, и Гаврил објавува блага вест. Затоа и ние да извикаме кон Богордица: Радувај се, Благодатна, Господ е со Тебе!
Кога Пресветата Дева наврши единаесет години пребивање и служење во ерусалимскиот храм и четиринаест од раѓањето - значи кога стапи во петнаесеттата година од животот - свештениците ѝ соопштија дека според Законот повеќе не може да остане при храмот, туку треба да пристапи кон веридба и брак. Одговорот на Пресветата Дева беше големо изненадување за тамошните свештеници. Изјави дека Таа себеси Му се посветила на Бога и не сака да стапува во брак со никого.
Друго:
Великопосни Богослужби (14.02.2010)
СИНАКСАР - Оној што отпадна заедно со паднатите (ангели), поради слатката храна (Сиропусна недела)
+++
Друго:
- Великопосни Богослужби (14.02.2010)
- ПОНЕДЕЛНИК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (15.02.2010)
- ВТОРНИК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (16.02.2010)
- ЧЕТВРТОК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (18.02.2010)
СИНАКСАР - Оној што отпадна заедно со паднатите (ангели), поради слатката храна (Сиропусна недела)
.