логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 01.jpg

Прв спомен на Пречистанските преподобномаченици
27 март/9 април 2013 лето Господово

02.jpg

 „Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте. Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието го изобличивте; затоа пред Христа застапете се и нам да ни ја дарува, со силата на Духот божествен, посакуваната рајска светлина“
  (Тропар)
03.jpg


Постојат ли зборови кои можат да ја искажат радоста која се чувствува тогаш, кога до срцата на верните допираат Христовите зборови, дека ниеден светија нема да види распаѓање и дека не може да се сокрие светило што свети на врв планина?! Навистина, сѐ искажано е премалку за да го долови доживувањето кога се слават токму таквите светила, кои по големата милост Божја, особено во поново време, им се откриваат на верните заради нивна поткрепа и спасение.

Таква беше радоста во овој за нашиот народ светол и значаен ден, што се совпаѓа со великопосната седмица во која си спомнуваме за Христовите страдања и се поклонуваме на чесниот и животворен Крст. Денес, кога го славиме споменот на светите тројца Пречистански преподобномаченици, Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј, чудесно засветли храмот на Богомајката Пречиста и со огромна благодат ги исполни срцата на сите присутни, кои притекнаа да го прослават споменот на нивните заштитници. Таа благодат всушност е сведоштво за слободата која новопрославените маченици ја стекнале пред Бога - да се молат најпрвин за граѓаните на Кичево, а секако и за монаштвото и за целиот христијански род.

05.jpg

Бог благоволи ова торжество да биде поголемо и поради отслужената Преждеосвештена Литургија, на која со благослов од Митрополитот Тимотеј и нашиот старец Партениј, присуствуваше и дел од монаштвото на свештената Бигорска обител, меѓу кои и браќата што се удостоија да ги носат имињата на мачениците, како и дел од монахињите на Раичкиот манастир. Сослужуваше и ѓаконот Васко Голабоски, а присутни беа и неколку свештеници од градот Кичево. После оваа благодатна богослужба, верниот народ заедно со монаштвото се упати кон местото Господинец, во чија близина, како што се наведува во записот, пострадале мачениците. Таму беше направен и помен за сите упокоени монаси, додека, пак, на манастирските гробишта беше отслужена Трисагија. Кога верниот народ се врати во манастирот, игуманијата Агнија со големо гостопримство приреди трпеза на љубовта за сите присутни и со нив сподели прекрасни моменти од своето монашко минато.

Празничната атмосфера докажуваше дека верниот народ од Кичевскиот крај, покрај својата верна заштитничка, Пресветата Мајка Богородица, го стекна и застапништвото на уште три благодатни молитвеници – примери за тоа како треба да се носи сопствениот крст и до крај да се истрае во одбраната на чистотата на нашата света православна вера.

Нека оваа светлоносна тријада ни биде светилник и патеводител, маченички собор кој во иднина ќе биде уште поревносно и поторжествено славен и почитуван, та нашиот народ, стекнувајќи го  нивниот благослов, да биде цврст во верата и храбар во подвигот на љубовта и пожртвуваноста.

 08.jpg

 10.jpg

 13.jpg

 15.jpg

 16.jpg

Извор; Бигорски манастир

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

„Зошто овој род бара знак – за да поверува? Од времето кога Богочовекот Христос ги изговори овие зборови, па до денес, ништо не е променето. И ние денес, исто така,...

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

« »

Православен календар

 

15/01/2025 - среда

Свети Силвестер, eпископ Римски; Преподобен Серафим Саровски; Света Теодота; Преподобен Амон; Претпразненство на Богојавление;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Геновева 3 јануари / 16 јануари 2025

Тропар на светата Геновева 3 јануари / 16 јануари 2025

Во вечниот ден Господов,лице в лице проповеда Апостолот да се видиме, а ти Пророче на Христовото доаѓање,со Ангелот вазден собеседеше, благодатта...

Тропар на светиот преподобен отец Серафим Саровски 2 јануари /15 јануари 2025

Тропар на светиот преподобен отец Серафим Саровски 2 јануари /15 јануари 2025

Од младоста Христа си го засакал, Блажен,    на Него Единствениот огнено си сакал да Му служиш.   Си се...

Тропар на Обрезание Господово  1 јануари / 14 јануари 2025

Тропар на Обрезание Господово 1 јануари / 14 јануари 2025

 Ти Кој седиш на огнозрачен   Престол  на висините,    со Твојот Беспочетен Отец      и со Божествениот Дух,  си благоволил     ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная