Скопје,12-ти април 2013 год. - храм Рождество на Пресвета Богородица
На 12-ти април 2013 година, во четвртата недела од Великиот пост, кога Светата Црква молитвено го прославува споменот на подобен Јован Лествичник , во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, во присуство на многубројниот верен народ меѓу кој и сопругата на Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, г-ѓа Маја Иванова, старешината, отец Трајче во сослужние на свештенството од храмот, отслужи повечерие со канон и Акатист кон Пресвета Богородица. На певницата псалтите од Македонската Православна Богословија на Бога Му принесуваа псалмопеење. На крајот на вечерната богослужба беа благословени празничните петолебија.
Скопје,12-ти април 2013 год.- Параклис „СВЕТИ НИКОЛАЈ ЧУДОТВОРЕЦ“ – н. Јане Сандански
А на 12 - ти април 2013 година, и во параклисот на св. Николај , во скопската населба Јане Сандански, презвитер Бобан Митевски отслужи повечерие со канон и Акатист кон Пресвета Богородица.Со особено преубавото псалмопеење на сестра Касијана од Бигорскиот манастир, и на исклучителниот псалт Антонио Лазески, величенствено беа принесени молитвите кон Бог. На крајот на вечерната богослужба се благословиа празничните петолебија, и отецот упати кратка беседа со која не поучи за големината на Пресвета Богордица.
.
Свети Силуан Атонски
Ако мислиш лошо за луѓето, тоа значи дека лошиот дух живее во тебе. И тој ти ги вметнува лошите помисли за луѓето. И ако некој не се покае и умре, не простувајќи му на братот, тогаш неговата душа ќе отиде таму каде што живее лошиот дух, што ја заробил душата. Таков е духовниот закон: ако простуваш, значи дека и тебе Господ ти простил. А ако не му простуваш на братот, значи дека и твојот грев останува со тебе. Господ сака да го љубиме ближниот. И ако размислуваш за него, дека го љуби Господ, значи дека љубовта Господова е со тебе. И ако мислиш дека Господ многу го љуби Своето создание, и самиот ја сожалуваш сета твар, и ги љубиш своите непријатели, себеси, пак, се сметаш за полош од сите, значи дека со тебе е голема благодат на Светиот Дух.
Преминпортал ( к.т.)
12-ти април, лето Господово 2013
Друго:
„ Оваа свечена служба содржи 12 кондаци и 12 икоси. Кондакот е кратка песна која содржи пофалба за дневниот светител или ја кажува суштината на празникот. Икосот, пак е црковна песна со која се прославува некој светител или празничен настан, Во овој случај се прославува Мајката Божја, бидејќи овие пет акатисти се посветени токму на Неа.
Секој Кондак завршува со воспевот или пофалбата: Алилуја! кое во превод зпачи: ХВАЛЕТЕ ГО ГОСПОДА А секој Икос завршува со восклик или пофалба кон Пресвета Богородица со зборовите: Радуј се, Невесто неневесна!“
Друго:
Божествена Литургија во параклисот на св. Николај Чудотворец, Скопје (17.02.2013)