Отче Свети,
слушајќи го гласот на Евангелието Господово, ти се одрече од светот сметајќи го
богатството и славата негова за невредна и затоа на сите им воскликнуваше: »Љуби
Го Бога и ќе најдеш голема милост. Ништо не ставај пред Неговата љубов, за кога
ќе дојде во слава, можеш да најдеш покој со сите светии.« По неговите молитви,
Христе Боже, сочувај ги и спаси ги нашите души.
Утрена, четврта седмица
од постот
(Химна на Светиот Јован
Лествичник)
Поуки на светите отци: Задржи го јазикот, кој
беснее, да не би се впуштил во препирка. Седумдесет пати на ден фаќај се во
борба со овој тиранин.
Свети Јован Лествичник
Молитва:
Помогни ни, Боже благи, секој
ден да се држиме до животните начела на Господа наш Исуса Христа и да ги твориме
делата кои се со Твој благослов. Господи, научи нè секогаш да се угледуваме на
Твоите светители со длабоко почитување и вдахновување, та и ние да пребиваме во
идното Твое Царство. Амин.
Читање од Светото Писмо:
Послание до
Евреите 6, 9-12
Свето Евангелие по Марко 7, 31-37
Созерцание: Зашто Бог не е неправеден па да го
заборави вашето дело и трудот на љубовта која ја покажавте за Името Негово,
послужувајќи и служејќи на светите.
Послание до Евреите 6, 10
Подготви: А.Л.
Светиот свештеномаченик Ипатиј, епископ Гангрски
Роден во Киликија, а епископ во градот Гангра. Учествуваше на Првиот Вселенски Собор. На сите страни прочуен заради благочестивиот живот и дарот на чудотворство. Царот Констанциј нареди да се изобрази ликот на Ипатиј уште за време на животот на овој светител и тој лик царот го држеше во својот дворец како оружје против секаква непријателска сила. Враќајќи се еднаш од Цариград Ипатиј беше нападнат во еден теснец од еретиците новатијани и турнат од друмот во некоја кал. При ова една жена од таа дружина го удри со камен во главата и вака светителот го заврши својот земен живот. Но жената одеднаш полуде и го зеде истиот оној камен и со него се удираше самата себеси. Кога ја доведоа на гробот на Свети Ипатиј и Му се помолија на Бога за неа, по големата милосрдност на Свети Ипатиј таа се исцели и остатокот од животот го помина во покајание и молитва. Свети Ипатиј пострада и се пресели во Царството на Христос во 326 година.
Друго:
Великопосни Богослужби (14.02.2010)
СИНАКСАР - Оној што отпадна заедно со паднатите (ангели), поради слатката храна (Сиропусна недела)
+++
Друго:
- Великопосни Богослужби (14.02.2010)
- ПОНЕДЕЛНИК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (15.02.2010)
- ВТОРНИК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (16.02.2010)
- ЧЕТВРТОК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (18.02.2010)
СИНАКСАР - Оној што отпадна заедно со паднатите (ангели), поради слатката храна (Сиропусна недела)