Ако постои
добродетел и ако постои пофалба, со право се припишуваат на светиите. Оние ги
приклонија вратовите свои пред мечот заради Тебе, Кој си слегол од небесата. Тие
ја пролија крвта своја за Тебе, Кој си Се понизил и зел обличје на слуга. Тие се
смируваа до смрт следејќи го примерот на Твоето сиромаштво. По нивните молитви
помилуј нè, Боже, поради Твојата благосрдечност.
Вечерна, среда од петтата седмица
Поуки од светите отци: Зашто ништо не го полни
умот со нечистотија како гневот кој непрестајно се задржува во
него.
Свети Јован Златоуст
Молитва:
Отче наш, помогни ни изборот во
нашиот живот да биде благоразумен и со молитва, за да го задобиеме она што е
вечно и невидливо, по застапништвото на Светите Твои. Амин.
Читање од Светото Писмо:
Исаија 37, 33-38;
38, 1-6
Битие 13, 12-18
Соломонови Изреки 14, 27-35; 15,
1-14
Созерцание: Кој е бавен на гнев, се одликува со
голем разум, а кој е брзоплет – покажува лудост.
Соломонови Изреки 14, 29
Подготви: А.Л.
Преподобен Тит Чудотворец
Од младоста Го возљуби Христа и го замрази овој суете н свет. Заради ова го остави светот, отиде во манастир и прими ангелски образ. Не жалејќи се себеси се предаде на скрбен и тесен монашки пат. Преку големо трпение ги стекна двете основни добродетели: послушанието и смирението и со нив ги надмина „не само браќата туку и сите луѓе“. Од младоста ја зачува чистотата на душата и телото. Во времето на иконоборната ерес се покажа како непоколеблив столб на Божјата Црква. Заради неговото големо смирение и чистота, Бог му даде дар на чудотворство и за време на животот и по смртта. А кога се пресели кај Господ, остави многубројни ученици зад себе. Се престави во 9 век.
Друго:
Великопосни Богослужби (14.02.2010)
СИНАКСАР - Оној што отпадна заедно со паднатите (ангели), поради слатката храна (Сиропусна недела)
+++
Друго:
- Великопосни Богослужби (14.02.2010)
- ПОНЕДЕЛНИК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (15.02.2010)
- ВТОРНИК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (16.02.2010)
- ЧЕТВРТОК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (18.02.2010)
СИНАКСАР - Оној што отпадна заедно со паднатите (ангели), поради слатката храна (Сиропусна недела)