Секое искушение, од големо до мало, правилно го надминуваме секогаш на истиов начин: прво, го прифаќаме како дар Божји; второ, Му благодариме на Бог за тоа; трето, се осудуваме себеси како заслужни за уште полошо од тоа што веќе ни се случува; четврто, не му покажуваме (надворешно) на демонот, ни на лице, ни со збор, ни со некоја постапка дека се наоѓаме во искушение; петто, ја продолжуваме молитвата, ама не како борба против искушението, туку како градење на заедница со Бог.
18-ти апри, лето Господово 2013