Во V недела од Великиот пост, Неговото преосвештенство, епископот Велички г. Јосиф, викар на Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан за Скопската епархија, во резиденцијалниот манастир „Свети Георгиј Победоносец“ во Кривидол, отслужи Утрена богослужба, во сослужение со презвитерот Горан Тасески и ѓаконот Игор Настески, и заедно со верниот народ читаше Големиот покаен канон на Светиот Андреј Критски. Потоа беше отслужена Литургија на Претходноосветени дарови и верниот народ се причести со светото тело и пречесната крв на нашиот Спасител, Господ Исус Христос.