логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

ДНЕВНИК

17.04.2013
ДИМИТАР АНДОНОВСKИ ЌЕ НАСТАПИ НА ВЕЛИГДЕНСKИОТ KОНЦЕРТ

✣✤✣

Византиско пеење како молитва
✣✤✣


• На настанот во Универзална сала на 24 април ќе настапат и Симфонискиот оркестар на Македонската филхармонија, хорот на Бигорскиот манастир, монахињата Kасијана и гостинката од Грција, Нектарија Kаранѕи



Убавина на византиските мелодии од Страсната седмица публиката ќе може да ја доживее на концертот што ќе се одржи на 24 април во Универзалната сала. За нивната изведба ќе биде задолжен поп-пејачот Димитар Андоновски, кој љубовта кон духовната музика ја негува од дете. Духовниот концертот се одржува пред Велигден и е посветен на Исус Христос и на неговите страданија.

- Ќе се пеат избрани стихови од богослужбите на Страсната седмица, во кои, освен мене како изведувач, ќе настапат хорот на Бигорскиот манастир, монахињата Kасијана од манастирот „Св. Георгиј“ во Рајчица и специјалниот гостин од Грција, познатата Нектарија Kаранѕи, која е одличен уметник и промотор на источното византиско пеење. Има огромен интерес за концертот и сите оние што нема да имаат можност да дојдат да н` проследат во Универзалната, ќе може да го гледаат директниот пренос на Македонската телевизија - вели Андоновски.

vizantiskoto.png

✣✤✣

Уживам во подготовките за концертот


Димитар источното византиско православно пеење го опишува како исконско, нешто што ни е откриено од Бога, чудесно убаво и богато со раскошни мелодии што побудуваат молитвеност.

- Не е случајно што денес с` повеќе се зголемува интересот кај младите за вакво пеење, кои во него ја чувствуваат големата духовна сила. Затоа во последно време во повеќе градови низ нашата земја под влијание на монаштвото се формираа многу византиски хорови, кои го негуваат источното православно пеење. Инаку, самата природа на ова пеење бара од пејачот одредени морални критериуми и одредено ниво на духовност. Оној што сака да се посвети на ваквото пеење треба да биде морален и верен човек, кој ги сака Бога и луѓето и посветува внимание на својот духовен живот зашто источното православно пеење е молитва - вели тој.

Андоновски нагласува дека ужива во подготовките на концертот, кој е голем предизвик за него. Неискажливо чувство, особено поради спојот на византиската музика со прекрасните аранжмани, адаптирани за Симфонискиот оркестар на Македонската филхармонија. 


- Пред сè, сакам да му се заблагодарам на мојот духовен татко, отец Партениј, што ме удостои да бидам дел од овој возвишен настан, што ме научи што значат верата и љубовта кон Бога, што ми помогна да се борам, да бидам подобар христијанин, а пред сè, да бидам добар човек. Навистина е божествено - вели тој. 

 ✣✤✣

Бигорскиот манастир ми е втор дом

 

 


Љубовта кон оваа музика кај него се појавила од дете бидејќи потекнува од патријархално семејство, кое ги почитува божјите канони.

- Најголемата заслуга за мојата вера и за мојата љубов кон Бога има мојот сега веќе покоен дедо Борис, кој беше многу духовен човек и ја помагаше црквата. Тој дури се запишал на Богословското училиште во Бугарија, но поради војната, морал да го прекине школувањето и да се врати назад во Македонија. Тој често ме носеше во црква со него, ме подучуваше и од тогаш ми остана блискоста со духовната музика, која ја чувствувам како дел од мене.

Бигорскиот манастир и манастирот „Св. Георгиј“ во Рајчица Димитар ги чувствува како свој втор дом. Тие се местата каде што го наоѓа својот мир и каде што духовно расте и созрева.

- Тоа ми се случува благодарение на љубовта и на поддршката што ја добивам од игуменот на манастирот, архимандритот Партениј и, се разбира, од браќата и сестри монаси.

vizantiskoto2.png

✣✤✣

Поради концертот, ја одложи промоцијата на албумот

Ангажманите за велигденскиот концерт ја пролонгираа промоцијата на деби- албумот на пејачот.

- На мое задоволство, приоритет му дадов на концертот. Албумот е во финална подготовка и веднаш по концертот предвидена е и неговата официјална промоција. Ќе има наслов „Ова небо знае с`“, според една од моите позначајни песни - вели Димитар.


Соња Алексоска-Неделковска

 

Извор:


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

« »

Православен календар

 

07/07/2025 -понеделник

Петровденски пости (на риба)

Раѓањето на Свети Јован Предвесник и Крстител Господов; Св. Никита, епископ Ремесијански; Св. маченици Орентиј, Фарнакиј, Ерос, Фирмос, Фирмин, Киријак и Лонгин;

 

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни  2025

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни 2025

Пророче и претечо на Христовото пришествие,не знаеме како достојно да те восхвалиме,ние кои со љубов те почитуваме, со твоето славно...

Тропар на св. Христова м-ца Агрипина  6 јули/23 јуни 2025

Тропар на св. Христова м-ца Агрипина 6 јули/23 јуни 2025

Оковите железни го опфатија телото твое, но љубовта кон Христа даде ослободување, не само од маченички болки, туку од заробеноста...

Тропар на св. Христов свм. Евсевиј епископ Самосатски 5 јули/22 јуни   2025

Тропар на св. Христов свм. Евсевиј епископ Самосатски 5 јули/22 јуни 2025

Крин процвета во земјата сиријска,мирис се разлеа во црквата Христова,пастир мудар беше испратен при децата,да се возвеличува Еден Бог во...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная