Скопје, 21.04. 2013 год.-храм на св. Јован Крстител
Свето Евангелие од светиот апостол Јован 20
Рече Господ на Јудеите што беа дошле кај Него: „Работете не за храна што се расипува, но за храна што останува за живот вечен и која ќе ви ја даде Синот Човечки, зашто врз Него сложил печат Бог Отец." А тие Му рекоа: „Што да правиме, за да извршуваме дела Божји?" Исус им одговори и рече: „Делото Божјо е ова: да поверувате во Оној, Кого Го испрати Он." А тие Му рекоа: „Каков знак ќе ни покажеш да видиме и да поверуваме? Што ќе направиш? Татковците наши јадеа мана во пустињата, како што е напишано: ,Леб од небото им даде да јадат.'" Но Исус им рече: „Вистина, вистина ви велам: не Мојсеј ви даде леб од небото, а Мојот Отец ви дава вистински леб од небото. Зашто лебот Божји е Оној, Кој слегува од небото и му дава живот на светот."
На 21 април 2013 година, во петтата недела од Великиот пост, кога Македонската православна црква молитвено го празнува споменот на светите апостоли Иродион, Руф, Асинкрит, Флегонт и Ермиј и свети Нифонт, епископ Новгородски, во храмот посветен на свети Јован Крстител, во скопската населба Капиштец, се отслужи Божествена Литургија. Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.
Преминпортал (к.т.)
21-ви април, лето Господово 2013