Три улици во Канада со македонски имиња
Македонските цркви во Канада во недела се полни со верници.
Така беше и оваа недела, во Црквата Свети Димитрија, каде на Божествена Литургија , со која чиноначалствуваше надлежниот Митрополит Методиј, присуствуваше и Претседателот Иванов.
Жителите на Маркам, град на северот од Торонто, со околу 300.000
поплулација, ќе се движат по три улици, чии имиња го озчаначуваат
етничкиот, културниот и историскиот идентитет на македонската заедница
во Канада.
Последната улица која доби македонски топоним е Битола, и заедно со
претходните, Пелистер и Даме Груев означува една целина од локалната
власт во овој град.
Во Маркам денеска беше ден посветен на Македонија. Пред општинската зграда беше подигнато македонското државно знаме.
Претседателот Ѓорге Иванов, заблагодарувајќи се за почитта што овдешните
локални власти ја имаат кон Македонците, возврати. Македонија е Канада
на Балканот.
За Преминпортал:
Фото: Марјан Николовски
Текст: Тв Сител (м.н.)