Сине Божји, прими ме денес за учесник на Твојата тајна вечера, зашто нема да ја кажам тајната на непријателите , ниту целив ќе ти дадам како Јуда, туку како разбојникот Те исповедам: Спомни си за мене, Господи, во Царството Твое.
02-ри maj 2013 година- Марков манастир на Велика Четврток.
На Велики Четврток, „како што ни пропишаа светите отци, според Преданието што го примија од божествените апостоли и од светите Евангелија, ги празнуваме овие четири настани: миењето на нозете, Тајната вечера, свештената молитва и предавството Јудино, во Марков манастир посветен на св.вмч. Димитриј во Маркова Сушица, јеримонах Атанасиј Арсоски отслужи Литургија на свети Василиј Велики со Вечерна..Бројниот верен народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни
Пред почетокот на вечерата (вака зборува божествениот Златоуст), Он станува од трпезата, ја остава Својата горна облека и става вода во леген, Самиот правејќи се, за да го посрами Јуда, но и за да ги потсети другите апостоли да не бараат старешинство, како што тоа го покажува по миењето на нозете, велејќи: „Кој сака да биде прв, нека биде последен", давајќи се Себеси за пример. Се чини дека Христос најнапред му ги измил нозете на Јуда, кој без срам беше го зазел првото место. На крајот доаѓа до Петар. Но овој, бидејќи најревносен од сите, Му забранува, но на крајот пак Му дозволува да му ги измие нозете. Откако им ги изми нозете и покажа колку високо можеме да се издигнеме преку смирението, ги зеде повторно Својата облека и Своето место на трпезата, ги поучи да се сакаат еден друг, но да не бараат старешинство.(Пролог)
Преминпортал (р.к/к.т.)
2-ри мај, лето Господово 2013