ОПЛАКУВАЊЕ НА СПАСИТЕЛОТ ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС ВО „СВ. ВМЧ. ДИМИТРИЈ“
На 3. мај 2013 г. во храмот „Св. вмч. Димитриј“ во Скопје со почеток во 18:00 ч. се одслужи Оплакување на Спасителот Господ Исус Христос во литија со Плаштаницата околу храмот. Богослужбата ја предводеше Епископот велички г. Јосиф, Викарен епископ на Архиепископот г.г. Стефан за Скопската епархија во сослужение на свештенството од храмот.
Свршено е. Останавме сами. Светлината и жарот во нашите срца истелјуваат. Што сега? Дали оваа состојба во која се најдоа учениците одкако им се одзема Учителот ја чувствуваме и денес? Нели и денес често ги оплакувавме нашата состојба на осаменост, соочувањето со илузијата на неолибералната демократија, морална деградација итн.И пред 2 милениуми, учениците кои Го слушаа, се радуваа и тагуваа со Него – во моментот на загуба паднаа во духот. Евангелието треба да се разбере, а и да се живее. Или подруго кажано. Едно е да се разбере Радосната вест во одредена благосостојба, а сосема друго е да се сетиме на Радосната вест и да ја живееме во моменти на страдање. За тоа, како и на апостолите, така и на нас ни е неопходен духовниот клуч – Дарот на Светиот Дух. За тој Дар ги подготвуваме умовите и срцата.
Преминпортал (Ратислав Кардалев)
3-ти мај, лето Господово 2013