СВЕТА ВАСИЛИЕВА ЛИТУРГИЈА СО ВЕЧЕРНА ВО ХРАМОТ СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ ВО Н. РАДИШАНИ
Неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан заедно со Епископот велички г. Јосиф во сослужение на свештенството од Скопската епархија отслужи света Василиева Литургија со Вечерна со почеток во 09:00 ч. во храмот Свети Наум Охридски во населбата Радишани. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Со љубов меѓу себе која е нелицемерна и несебична. Тоа е вратата за влез во духовен живот во заедница почнувајќи од семејство до поширокото општество.
Затоа апостолот Јован ни ги пренесува Христовите зборови (Јован 12,24-25): „Вистина, вистина ви велам: ако зрното пченично, што паднало на земја, не умре, останува само; а ако умре – ќе донесе голем плод. Кој го сака животот свој, ќе го загуби; а кој го мрази животот свој на овој свет, ќе го запази за вечен живот“.