логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


  Feodosij.Vladika2.jpg

На Третата светска верска конференција, која се одржа во Скопје (од 10- 12 мај 2013 година, на која присуствуваа над 250 странски и домашни гости од сите континенти, верски претставници и професори-теолози),  годинава беше посветена на темата „Слободата и достоинството-основни вредности во меѓучовечките, меѓурелигиските и меѓукултурните односи“.
Конференцијата, во рамките на програмата, преку одржување три пленарни сесии, пред светската јавност  ги отвори темите: „Плуралистичките општества и религиската толеранција”, „Да се живее заедно со почит кон различностите“ и „Придонесот на медиумите за меѓурелигискиот и меѓукултурниот дијалог“.


  Feodosij.Vladika3.jpg

На тема  „Плуралистичките општества и религиската толеранција“, свое размислување и порка произнесе  од Руската православна црквамитрополитот Тамбовскиј и Рассказовскиј г. Феодосиј. Од  кратката пауза во  агендата на почитуваниот Владика г. Феодосиј, остваривме прекрасна  и со многу љубов исопнета средба. Му благодариме на Бог за се...

  Feodosij.Vladika4.jpg

    

 

 Интервју со митрополитот Тамбовскиј и Рассказовскиј г. Феодосиј

 

Feodosij.Vladika.jpg
  Преминпортал:   Ваше Високо Преосвештенство, драг владика Феодосиј, Христос Воскресна! Од тоа што прочитавме од вашата биографија, дознавме дека сте служеле во Чехо-Словачка, Германија,  долго време сте ја возглавувале православната мисија во Ерусалим, Тунис, па би сакале да ве замолиме да споделите со нас малку од тој опит.


  Митрополит  г. Феодосиј:   Навистина Воскресна! Фала Му на Бога, во мојот живот имав многу такви црковни назначувања, послушанија, кои што ми овозможија да го носам моето служење во Чехо-Словачка, дури таму и станав свештеник, во Карлових Вара; потоа студирав во Германија некое време, работав, се трудев во Одделот за Црковни врски, и потоа цели девет години бев началник на руската духовна мисија во Ерусалим. Секако тоа беше особено време, благодатно време. Бидејќи Ерусалим е местото каде што се роди, пострада и воскресна Христос, затоа многу поклоници и денеска таму патуваат, јас мислам дека и од Македонија, од Русија многу, а и од различни земји, а мене Господ ми благословил таму да се трудам, и за тоа секако сум Му благодарен. Додека се трудев во одделот, требаше да заминам, како што рековте, во Тунис (таму бев по послушанието на сегашниот патријарх Кирилл, кој тогаш го возглавуваше Одделот за надворешни Црковни врски) и тој ме испрати таму, да ја разгледам ситуацијата за можноста за отворање на руска православна парохија во Тунис. После моето патување, направив извештај, и ете, по некое време таму се отворија православни парохии во Бизерт и Тунис. Така да, интересна е мојата животна историја, и благодарен сум на Бога за неа. А и ова патување е исто така по благослов на Светејшиот патријарх Кирилл, дојдовме на оваа конференција, трета по ред тука. Со мене се и о. Дмитриј Сафонов, Андреј Јурјевич, соработници на Одделот за надворешни Црковни врски, кои се трудат под началството на владиката Иларион, претседателот на ОНЦВ. Така, ние ја составуваме и работата на оваа конференција со нашето паломничество (поклоничко патување), посетивме тука блиску, на планина храм од единаесетти век. Секако тоа е уникатно место, прекрасна светиња, фреските се прекрасно сочувани, и нас љубезно нѐ примија, ни раскажаа прекрасно за историјата на храмот. Вчера исто така посетивме и женски манастир, во близина на Скопје. Нѐ прими игуманијата. Таму се послушуваат неколку сестри, тие го обновуваат манастирот, како што разбравме. Нас многу нѐ израдува што таму имаше многу млади деца. Деца, кои таму дојдоа со автобуси, кои сѐ разгледаа, секако по детски, но прекрасно е што тие исто така ги посетуваат таквите познати свети места, се приопштуваат, допираат до тие богати православни духовни традиции што се наоѓаат тука, и се надевам дека ќе ги продолжуваат тие традиции.


    Преминпортал:  Исто така, сакавме да ве прашаме за Мисионерската дејност на Руската Православна Црква? Кај нас се доста познати и почитувани многу руски светители како Николај Јапонски, Јован Шангајски – сега Сан-Франциски кој некое време и се трудел тука.
  

  Митрополит  г. Феодосиј:  Кога ќе размислиме подобро, мисионерството е наша со вас, главна задача. И Господ испраќајќи ги Своите ученици на проповед рекол: Одете, и научете ги сите народи, крштевајќи ги во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, то ест, и Христос ги испраќа своите следбеници на таа мисија, на проповед на Евангелието по цел свет, и од тогаш, главна грижа и задача на Црквата е мисијата, проповедта за Христос, и во руските краишта, проповедта за Христос ја донел ап. Андреј Првоповикан.  Но, ние знаеме, а вие веројатно особено знаете дека тука живееле и се подвизувале св. Кирил и Методиј. Тие исто така биле мисионери за словенските народи. Тие го превеле Светото Писмо, кое и денеска ние го употребуваме на богослужбите. И како што гледаме, мисијата е главната задача на Црквата. Така и Руската Православна Црква ги раширувала своите мисии и на Сибир, и како што кажавте за св. Николај Јапонски, имало мисионери на најоддалечените краеви на Русија, и дури зад нејзините граници, како Јапонија, Аљаска, така да мисионерството е важна мисија на Црквата. Но, денеска зборуваме за внатрешна мисија. Денеска не мора да одиме на Далечниот Исток, не мора да патуваме на Аљаска, денеска може да се рече дека меѓу нас живеат луѓе кои многу малку слушале за Христос, а некои дури и не сакаат да слушнат. И ние сме должни меѓу нашите сонародници, точно како во Македонија и Русија, а и секаде најверојатно каде што присуствува Руската православна Црква, да ја продолжиме истата таа мисија на која што не испратил Христос. И кон себе го насочуваме тој призив на Спасителот. И за нас тој е исто толку актуелен како и за учениците. Ние треба да го чуеме тој Христов призив денеска и за себе: Одете и научете ги сите народи! Крштевајте ги во името на Отецот и Синот и Светиот Дух. Ете од тоа и се состои нашето служење денеска.
    

   Преминпортал: Еден владика, пред неколку години рече, дека во времето на св. Кирил и Методиј, христијанството се пренело од Балканот, од Македонија во Русија, а сега ние многу учиме и примаме од Русија. Можеби забележавте дека во Македонија многу ги почитуваат руските светители. Веќе е изграден еден манастир посветен на Царските Страстотерпци, можеби ќе отидете таму, а се гради скит на преп. Серафим Саровски... Кај нас луѓето многу би сакале да слушнат слово од Рускиот Пастир, што е најважно за секој Христијанин?


   Митрополит  г. Феодосиј:   Вие прекрасно рековте, некогаш св. Кирил и Методиј заминали во тие области, Киевска Русија (да речеме нивната проповед). Светата Русија ја крстил кнез Владимир, и секако преводите на браќата тогаш станале многу потребни, биле неопходни за таа мисија да би се проширила низ Киевска Русија и подалеку. А денеска, навистина ние сме взаемно зависни. И прекрасно е кога имаме можност да се разменуваме со некој наш опит кој веќе се изградил во мисионерското служење, и прекрасно кажавте за св. Серафим Саровски, тука се гради скит, тоа е сведоштво, доказ за тоа дека словенските народи се многу блиски. По вера, секако, но и по култура, традиции, и таа Кирило – Методиевска мисија и денеска продолжува. Затоа тие денеска нѐ обединуваат, и му благодариме на Бога за тоа што ја имаме среќата да општиме, и се надевам, да се обогатуваме; ние, со тој опит кој што го имате вие овде, ние зборувавме тука за св. Климент Охридски, за кого вчера добивме и книги како подарок, со неговите поуки, слова и житие; но, и Руската Православна Црква има веќе пребогат, веќе повеќе од илјада летен опит на своето служење, и мислам дека тој опит исто така ќе биде полезен тука во Македонија. Да се подвизуваме во своето спасение и во љубовта едни кон други, по зборовите на св. Серафим Саровски: спаси се себеси, и илјадници околу тебе ќе се спасат. Да станеме Христови ученици, и тој ќе не направи ловци на луѓе. СпасиБо вам! Христос Воскресе!

  Преминпортал (к.т./ Златко Дивјаковски)

  ВИДЕО СНИМКА

 

Feodosij.Vladika1.jpg

Во Скопје, 11 мај, лето Господово 2013

 Feodosij.Vladika5.jpg

Кратка биографија на митрополитот Тамбовскиј и Рассказовскиј г. Феодосиј

 Феодосий, митрополит Тамбовский и Рассказовский (Васнев Сергей Иванович)
 
Се родил на 26 Јануари 1961 год, во р.п. Пичаево Тамбовска област, во дом на свештеник. После завршувањето на средно образование и службата во армија, во 1981 г. се запишал во Московската духовна семинарија, која што во 1984 год ја завршил со одличен успех. Истата година станал студент на Московската Духовна Академија.
Во Јануари, 1985 г. од Свештеноначалството на РПЦ бил испратен во Чехо-Словачка на православниот богословски универзитет во Прешов, каде што добил повисоко богословско образование, завршувајќи го факултетот во 1988г со научен степен „магистер по богословие“ за тема на катедрата на црковна историја: „Крштението на Русија“.
Летото 1985 г во состав на група, која ги претставувала духовните школи на Руската Православна Црква, учествувал во работата на Меѓународниот младински лагер „Агапе 5“, кој се одвивал во Чехо-Словачка и бил организиран во рамките на Светската православна младинска организација „Синдесмос“.
По благослов на Светејшиот Патријарх Московски и на цела Русија, Пимен, на 22 Август, 1987 г во Троицкиот Собор на Московскиот Свето-Данииловски манастир, бил пострижен во монаштво од митрополитот Мински и Белоруски Филарет, Претседател на Одделот за надворешни црковни врски на Московскиот Патријархат (сега митрополит Минскиј и Слуцкиј, и Патријаршиски Егзарх на цела Белоросија),   со нарекуванње на името Феодосиј – во спомен на преподобниот Феодосиј, игумен Киево-Печерски.
На 28 Август 1987г, на празникот Успение на Пресвета Богородица, во храмот на светите првоврховни апостоли Петар и Павел во Лефортов, Москва, од епископот Каширски Феофан, викар на Московската Епархија, и заменик Претседател на Одделот за надворешни црковни врски на Московскиот Патријархат (сега архиепископ Берлински и Германски) е ракоположен во јероѓакон.
6 Септември 1987 г, од Блаженејшиот митрополит Пражски и на цела Чехо-Словачка Дорофеј, е удостоен со награда на Чехо-Словачката Православна Црква – орден на светите рамноапостолни Кирил и Методиј III степен.
1 Јануари, 1988 г, по указ на Светејшиот Патријарх Московски и на цела Русија Пимен, назначен е да го исполнува ѓаконското служење на Подворјето на Руската Православна Црква во Карлови Вари, во Чехо-Словачка.
Пролетта, 1988 г на православниот богословски факултет во Прешов (Чехо-Словачка) учествувал во работата на Меѓународната конференција, спроведена од „Синдесмос“ заедно со Светската федерација на Христијански студенти (ВФХС- Всемирная федерация християнских студентов).
Во март, 1988 г од Светејшиот Патријарх Московски и на цела Русија Пимен е награден со Патријаршиска грамота.
Во Јуни, 1988 г бил учесник во торжеството, кое го организирала Руската Православна црква, по повод историскиот јубилеј – 1000 годишнина од Крштевањето на Русија.

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная