Во втората недела по Воскресението Христово,кога Светата Црква, молитвено го слави споменот на Свети Василиј Острошки, и светите девет маченици во Кизик,Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан чиноначалствуваше на Божествената Литургија на која му сослужуваа Митрополитот повардарски г. Агатангел и Епископот лешочки г. Јосиф во црквата на св. Петка во Скопје.
Беседа за значењето на денешниот празник произнесе Епископот лешочки г. Јосиф: „Во оваа прва недела после Воскресение, Црквата Христова си спомнува за средбата
на светиот апостол Тома со Воскреснатиот Господ. Тоа е средба со ученикот кој
што беше отсутен, кога после Воскресението Христос им се јави на апостолите во
Ерусалим. Тоа е апостолот кој што рече: сѐ додека не видам, нема да поверувам.
Во овие зборови е искажана една трагедија што го следи човекот после првородниот
грев. Во овие зборови се содржи барањето изговор за човечкото маловерие.
Господ, создателот на сѐ, јасно му се покажа на Адама. Адам знаеше дека
Бог постои, тој ја знаеше бескрајната љубов Божја, и тој не веруваше – туку
знаеше, зашто го гледаше Бога лице во лице. Но, после првородниот грев, Адам
срамејќи се од себеси, започна да се сомнева во сѐ. Тој започна да се сомнева,
зашто знаеше дека е виновен и дека не ја заслужува љубовта Божја. “ (Повеќе)
По отслужената Литургија беше преосветена црковната сала и библиотека.
Преминпортал(к.т.)
13 мај, лето Господово 2013