Согласно податоците, во 2012 година, 80% од сите верски прогонства во светот за своја цел ги имале христијаните.
Овој изблик на дискриминација врз христијанските заедници, во земјите каде што тие со векови живеат, во големa мера може да се објасни со издигнувањето на вооружениот и политички ислам по Арапската пролет.
Откако исламистичките партии ја презедоа власта во регионот, христијанското малцинство беше погодено од силен бран на заплашувања и дискриминација.
После Арапската пролет, сите христијани во Египет, кои сочинуваат 15% од населението, се под закана.
Во почетокот на април минатата година, во Соборниот храм на свети Марко (столица на Коптската црква во Каиро), погребот на четворица христијани кои неколку дена претходно загинаа во верски судир, премина во вистинско безредие, кога илјадници ужалени беа нападнати додека излегуваа од храмот. Полицијата употреби димни бомби во дворот на храмот и остана индиферентна, додека траеше нападот врз Коптите со бомби, камења и истрели. Најмалку двајца загинаа и 80 беа ранети во петчасовниот судир.