с.Љубанци (скопско),22- ри мај 2013- манастир на св. Никола
Старец Софрониј
Должни сме да бидеме крајно чувствителни за потребите на другите. Тогаш ќе бидеме едно, и благословот Божји ќе останува секогаш со нас. Неисцрпен!
На 22 мај 2012 година, во Недела на Мироносиците, кога Православната црква молитвено го прославува за преносот на моштите на Св. Николај, светиот пророк Исаија и светиот маченик Христифор, во манастирот на св. Никола во скопското село Љубанци), Епископот Велички г. Јосиф викарен епископ на Архиепископот г.г. Стефан за Скопската епархија, во сослижение на јеромонахот Атанасиј Арсовски и о. Звонко Аговски отслужи Божествена Литургија . Во овој ден, традиција е мештаните од селото да го посетат манастирот и побараат благослов од светителот. Многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни. Во кратката благодарствена беседа Елископот Јосиф, со многу радост и љубов се присети на неговите посети во манастирот уште како дете, и подоцна, како млад богослов. По завршувањето на Литургијата, тој го благослови славскиот колач, а во двете манастирски трпезарии, за сите присутни беше послужена трлеза на љубовта, и на која оваа година сите ние имаввме чест да бидеме заедно со Епископот г, Јосиф..
Преминпортал (к.т.)
22-ри мај, лето Господово 2013