- Старче, зошто денес нема трпение?
- Денешната состојба никако не му помага на светот. Некогаш животот бил мирен и луѓето биле мирни, и биле многу издржливи во трпeнието. Денес цело ова брзање кое има влезено во светот ги има направено луѓето нестрпливи. Некогаш човекот знаел дека патлиџанот ќе го јаде кон крајот на јуни и тоа не му создавало грижи. Го чекал месецот август за да јаде лубеница. Знаел дека тогаш и тогаш ќе проба смокви и тогаш и тогаш 'е вкуси диња. А денес што се случува? Ќе се напрегнат да донесат домат од Египет порано; не му годат веќе портокалите кои имаат исти витамини. „Аман чедо мое, стрпи се малку и јади сега нешто друго.“ Не, тој по секоја цена за Египет да донесе домат. А други пак на Крит, штом го виделе сето тоа, веднаш побрзале да направат стаклени бавчи, за да добијат порано патлиџан. И така, само и за да можат и во зима да јадат патлиџани. Се убиваат од работа, само за да направат стаклена бавча со сите можни видови на билки, за да би можеле во сите годишни времиња да имаат се, за да не чекаат. Bо ред ако е тоа до тука. Но тие одат и понатаму! Одвечер патлиџанот е зелен, а наутро е црвен и сиот набабрен! Искарав еден министер, и му реков: „ Да кажеме дека стаклениците поминуваат. Но да се вбризгуваат хормони, за да во една ноќ созрее и зеленчукот и овошјето и се живо, па тогаш оние сироти луѓе кои веќе имаат некаков хормонски проблем, да им се случи нешто кое е уште полошо?!
Подготви: Сузана Стефановска