Во чест на празникот Сретение Господово во манастирската црква во Матка, посветена на Успение на Пресвета Богородица се отслужи сеноќно бдение.
Радувај се, благодатна Богородице Дево, зашто од тебе засветли Сонцето на правдата – Христос нашиот Бог, Кој ги просветлува оние што се во темнина.Весели се и ти, старецу праведен, кој Го прими во прегратките Ослободителот на душите наши, Кој ни дарува воскресение.
Господи, Сонце на правдата, седејќи на лесен облак, се јави како светлина што го изгони мракот на незнабошците, ставајќи ì крај на сенката на законот и објавувајќи го почетокот на новата благодат. Затоа Симеон, кога Те виде, викаше: Ослободи ме од гнилежноста, бидејќи денес Те видов Тебе.
Посети:{moshits}