логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 

  13.06.2013 год.

Архиепископ Охридски и Македонски Стефан

ЖИВОТ ВО СЛУЖБА НА БОГА И СВОЈОТ НАРОД[1]
Размислувајќи за денешново збогување со блаженоупокоениот Митрополит Кирил, бев и сеуште сум во големо двоумење – што да одберам за да кажам за него, а тоа да биде најзначајното во неговиот живот?!

 

 Да се говори за покојниот Митрополит Кирил - значи да се говори за новата историја на МПЦ; да се говори за Митрополитот Кирил - значи  да се говори за учесник во најзначајните настани од животот на нашата Света Црква во полследниве 50 години; да се говори за Митрополитот Кирил - значи да се говори за еден од петмината членови на Синодот кои богомудро проценија дека конечно се исполни времето за воскресение на Охридската Архиепископија; да се говори за Митрополитот Кирил - значи да се говори за еден од доносителите и потписниците на Одлуката за обнова на Охридската Архиепископија во 1967 година; да се говори за Митрополитот Кирил - значи да се говори за архиерејот кој има неповторлива заслуга во мисијата на МПЦ, особено меѓу иселените Македонци во Австралија, САД и Канада; да се говори за Митрополитот Кирил значи да се говори за архиерејот кој постави темел за македонското црковно-национално дело во прекуокеанските земји; да се говори за Митрополитот Кирил - значи да се говори за градителот на десетици храмови на австралискиот и уште толку на северно-американскиот континент; да се говори за Митрополитот Кирил - значи да се говори за архиерејот кој успеа илјадници македонски чеда од под стреите на туѓите цркви да ги прибере под омофорот и покровот на мајката Македонска црква; да се говори за Митрополитот Кирил - значи да се говори и за првиот архиереј на Полошко-кумановската епархија, за архиерејот кој духовно ги оживеа и прероди и Полог, Маврово и Кумановско, па сѐ до Кратовско и Паланечко и насекаде до каде што стигна, архиерејот кој деноноќно бдееше над Лешочкиот и Осоговскиот манастир и кој тажен замина заради Матејче и за другите секојдневни рани и зулуми низ Епархијата; да се говори за Митрополитот Кирил - значи да се говори за човекот кој остави длабоки траги во духовниот раст на бројни генерации наши богољупци и родољупци... А сето тоа Тој можеше да го прави и направи зашто беше целосно оддаден на позивот што го избрал – преку Црквата да Му служи на Бога и на својот народ. И навистина, ретки се личностите коишто оставаат такви и толкави дела, дела што ни ни рѓата ги гризе, ниту молците ги јадат (Матеј 6, 20).

За секој човек, нема повозвишено од тоа, па и за архиерејот, кој, како нашиот Дедо Кирил, обѕрнувајќи се кон постигнатото може да рече, како Апостолот, дека добро се борев, патот го завршив, верата ја запазив (2 Тим. 4, 7). А Дедо Кирил беше вистински борец, борец за македонска црковна и национална правда и вистина. Како за таков го знаеа не само блиските соработници и поддржувачи на неговото дело, туку за таков го сметаа и сите противници и непријатели на македонското црковно и национално дело, за кое Тој беспоштедно се бореше и залагаше. Знаеше Дедо Кирил да истрае до крај, зашто силно веруваше дека вистината е на наша страна, дека нема друг пат за нас како народ од нашиот македонски пат, од патот на кој може да се истрае само со единство и разбирање меѓу македонскиот народ. А тоа беше патот покажан од нашите достојни претшественици, патот по кој единствено мора и треба да се оди за да се опстои. – Не можат да ни мислат добро оние кои се потврдиле со зло против нас и не можеме да очекуваме добро од оние кои не нѐ сакаат и не нѐ признаваат како народ и Црква, коишто грабнале дел од нашата земја и коишто товарале и носеле од Македонија, од македонските храмови и манастири и коишто за жал сѐ уште се со такви мисли и желби, знаеше честопати со горчина на душата да каже Дедо Кирил.

Но, како ретко кој, Тој беше внимателен кон секого и го мереше секој збор за да се искаже најдобро, и како треба и колку треба. Животот и приликите го научиле да размислува пред секој чекор и постапка, па затоа често ја користеше и онаа народната – Трипати мери, еднаш крои! На неговото човечко и архиерејско искуство и мудрост знаевме, ние помладите, често да се потпираме и да го ползуваме, а неговите совети секогаш ни беа добродојдени.

Високопреосвештен Владико, замина ненајавено – без збогум, без да нѐ подготвиш, но замина храбро како што и Ти доликува. Ама, знај, Дедо Кириле, сѐ уште ни беше потребен овде, зашто уште можеше да даваш и да создаваш за нашата црква и народ. Но, неизбирливи се Божјите планови (Рим. 11, 33). Сезнајниот Бог Те повика во старото братство, во Синодот на блаженоупокоениот Доситеј и другите покојни браќа – поглавари, архиереи и свештенослужители... Носи им поздрав на сите – и на оние до Архиепископот Арсениј[2] и по него, на сите црнорисци, маченици, борци, бранители – страдалници за Црквата и Татковината наша, поздрави ги сите коишто се бореле и ја бранеле правдата и вистината наша. Кажи им дека не престанале искушенијата и нападите кон сѐ што е македонско, но пренеси им и дека нема да отстапиме од интересите и идеалите за кои и тие се бореа и застапуваа.

Високопреосвештен Владико, МПЦ веќе четврт ден тагува и овде и насекаде до каде што ја има, тагуваат и роднините, блиските, пријателите и почитувачите Твои, а ги имаш многу и во сите генерации и по сите континенти. - Колку се само крстени и благословени, и бракови и семејства и домови и имоти, колкумина побарале и добиле и утеха и помош? – тие сите жалат, зашто Ти како предвреме да замина... Тагуваат и свештенослужителите, ра-коположени или раководени, зашто останаа без својот возљубен владика, без пастирот кој душата своја ја полагаше за своето паство (Јован 10, 11). Тагуваат сите, зашто Те имаа како архиереј каков што им доликуваше да имаат, архиереј кој им беше верен до смрт и кој заслужи венец на животот (Откр. 2, 10), кого во последно време сѐ повеќе го измачуваше нарушеното здравје, а беше свесен до последниот миг дека само еден чекор е далеку од смртта (сп. 1 Цар. 20, 3), дека секој си ја носиме смртната пресуда, надевајќи се на Бога (2 Кор. 1, 9), и дека светот поминува и похотите негови, а кој ја извршува волјата Божја останува довека (1 Јн. 2, 17).

Возљубени, ние силно веруваме дека Митрополитот Кирил ќе продолжи да живее во душите на сите коишто го сакаа и почитуваа, и во Преспа и Македонија, како и во Торонто, Детроит, Мелбурн и насекаде, ќе продолжи да живее во многубројните дела што ги направи, ќе продолжи да живее во подигнатите градби низ епархиите со кои раководел и во посеаното евангелско слово во душите на многу луѓе. Неговото име и неговото дело веќе се дел од историјата на МПЦ и македонскиот народ, зашто навистина беше добар човек, исполнет со Дух Свети и вера, човек кој многу народ присоедини кон Господа (сп. Дела 11, 4).

Да се помолиме, Бог да го прости и нека му е вечен споменот! Амин!




--------------------------------------------------------------------------------

[1] Слово на погребот на Митрополитот Кирил, изговорено во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, на 14.06.2013 година.

 

[2] Последниот поглавар на Охридската Архиепископија до забраната на нејзината дејност во 1767 година.

Извор: http://www.spe.org.mk/

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная