Еден вагон од возната композиција, Русите го претворија во храм посветен на свети Николај Мирликиски Чудотворец, со основна цел тој да послужи во духовната обнова на Русија. Овој постојано патувачки храм е направен пред две години и во него секојдневно се служи Божествена Литургија.
Извор: Бигорски манастир
Друго:
Чудно, но вистинито. Во Русија постојат вагон-цркви. За да се организира паствата која се наоѓа во поодалечените предели на Русија, Црквата решила тоа да го стори со мали вагони од воз кои ги оспособила за Литургиска потреба. Враќајќи се наназад низ историјата, може да се забележи дека првата ваква вагон-црква се појавила со самата појава на возовите.