логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  usa.StefanMetodie.jpg

 АРХИЕРЕЈСКА БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА СО АРХИЕПИСКОПОТ СТЕФАН

usa.StefanMetodie.jpg

usa.StefanMetodie.jpg

Reynoldsburg (Columbus), Ohio. На 16 јули (3 јули), кога Светата Православна Црква го слави споменот на Св. Маченик Јакинт и Преподобниот Анатолиј Цариградски, гости на нашата црковна општина „Успение на Пресвета Богородица“ во Reynoldsburg, Ohio беа Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан придружуван од нашиот Владика Американско-Канадски, Митрополитот г. Методиј и свештениците од Охајо. Во присуство на верниот народ беше отслужена Света Архиерејска Божествена Литургија, на која што Архиепископот Стефан го произнесе следното

СЛОВО ВО КОЛОМБОС
usa.StefanMetodie.jpg
По молитвите на Мајката Божја, покровителка на овој свет Храм и на нашата МПЦО во Коломбос, стигнавме сношти и меѓу вас, за еве денес да бидеме на заедничка молитва. Дојдовме од кај нашинците во Краун Поинт, кои три дена го одбележуваа големиот јубилеј-50 години од осветувањето на храмот во Гери, првиот осветен македонски храм на Северноамериканскиот континент.
Велам, празнуваат три дена, иако ги најдовме радосни и пред тоа, а такви ги оставивме и вчера. И навистина, со гордост говореа и со восхит го доживуваа и прославуваа големиот настан. А такво нешто верувам ќе се подготви и овде во Коломбос, зашто и овде само по две години се запалило македонското кандило во храмот посветен на Успението на Мајката Божја.
И така, размислувајќи за одбележувањата и годишнините на настаните поврзани со нашите цркви, се прашувам дали размислуваме која е смислата, која е улогата и која е целта на храмот или на црквата воопшто во животот на човечкиот род и посебно за секој православен народ и човек?
Во таа смисла, храмот како дом Божји и Црквата како заедница имаат незаменлива улога во спасоносното дело: секој човек, односно секоја човечка душа да ја доведе во вечната заедница со Бога.
Имено, човекот е создаден да живее во единство и заедница со Бога. Но гревот на луѓето е причината за разрушувањето на близината меѓу Бога и човекот. Затоа и дојде Синиот Божји, Господ Исус Христос на земјата, за да го поврати единството меѓу Бога и луѓето; дојде-ја објави својата наука и со жртвата своја го отплати гревот на луѓето, беше осуден и распнат на крст и по три дена воскресна. На 40-тиот ден по воскресението, пред да се вознесе, им заповеда на своите ученици-одете и научете ги сите народи, крштевајќи ги во името на Отецот и Синот и Светиот Дух и врз таа вера во Света Троица ја изгради својата црква, а по 10 дена на Педесетницата им го испрати Светиот Дух, кој продолжи да раководи со спасоносното дело на црквата на земјата.
Ова би било накратко, смислата за постоењето на црквата, на црквата како Божја установа и на црквата како заедница на луѓе кои веруваат и го исповедаат Бога во Света Троица.
Исто така, кога говориме за црквата од догматски или сотириолошки аспект, треба да го истакнеме фактот дека само оној кој е во црквата и со црквата, само тој ќе се удостои на спасение. Оттаму, честопати во иконографијата, црквата се претставува како брод, како кораб-и кој, како некогаш при потопот во времето на Ное-кој бил во бродот, се спасил. А сега, кој што е во црквата-само тој ќе се спаси. Црквата, чиј темел е Христос и чија глава е Христос, ќе ги надвладее сите противници и ќе остане за вечни векови.
Од друга страна, ако го гледаме нејзиното административно организирање овде на земјата, иако црквата е една, таа е поделена на помесни, национални цркви, кои и покрај сите припаѓања по национална основа, пак претставуваат Една Црква.
Нашата МПЦ, возобновената Охридска Архиепископија е дел од Православието и таа е вековна црква на просторот на Македонија. И ниту една друга институција, ниту една друга организација не може да се спореди со нејзината улога во животот на нашиот народ. Повеќе од 10 века Охридската Архиепископија е духовен белег и печат за нашиот народ, е црква која што израснала врз делото на Свети Климент и Наум Охридски, врз дејноста на црквата позната како Јустинијана Прима, црква која се создала врз мисијата на Свети Апостол Павле и другите мисионери по Македонската земја. И по ништо друго како со таа наша Охридска и Македонска Црква нè познава светот и таа е нашата најсилна carta identità. И со своја и без своја држава, и слободни и под ропства, црквата секогаш ни била белегот по кој сме се препознавале и пред самите и пред другите. И не случајно и денес секој што нè оспорува како народ, пред сè ни ја оспорува црквата. Дури некои, божем нè признаа како народ и држава, ама не ни ја признаваат црквата. Но веруваме, ќе даде Господ и црквата ќе ни ја признаат, ако знаат за Бога. А нас, ако Господ нè признава, кој може да нè оспорува?
Кога го разгледуваме тој национален аспект на црквата, најдобро ќе го разбереме гледајќи ја нашата црква меѓу иселените Македонци. Па што ќе беше со нас како народ, ако ја немавме нашата МПЦ? Што ќе беше со вас овде во Коломбос ако вашите постари генерации не беа доволно будни и свесни за тоа што им треба и што треба да направат? Каде ќе бевме денес, што ќе останеше од нас ако немавме своја црква? Благодарение на вашите татковци и дедовци денес сте вистинска црква и македонска заедница, денес сте црква со свој храм со кој можеме да се гордееме како народ! Продолжете со надградувањето на единството, на љубовта меѓу вас и само така успешно ќе продолжите и со доградувањето на ова грандиозно црковно национално дело.
При оваа прилика, особено сакам да го истакнам ангажирањето на црковната управа со свештеникот и на членството околу градбата и околу украсувањето на храмот. Досега одлично работите, сте изградиле градба за пример и можам да ви речам-продолжете по патот што сте го избрале. Еве, се работи и живописот-фреските и ова што досега е направено е многу добро. Продолжете и понатаму и покријте ги со фрески сите слободни површини, продолжете и дооблечете ја во најубавата руба и направете храм за приказ, храм по примерот на нашите цркви по Македонија, направете храм за пример и меѓу македонските и меѓу сите православни храмови ви оваа земја и на овој континент.
Господ нека го благослови вашето дело, по молитвите на Мајката Божја, и нека ве чува вас и вашите семејства и сиот наш народ.
Нека ни е честит денов, а светата богослужба нека ни биде за здравје и спасение.
Амин!

usa.StefanMetodie.jpg

 usa.StefanMetodie.jpg

usa.StefanMetodie.jpg

 usa.StefanMetodie.jpg

 usa.StefanMetodie.jpg

 usa.StefanMetodie.jpg

 usa.StefanMetodie.jpg

 usa.StefanMetodie.jpg

 usa.StefanMetodie.jpg

 usa.StefanMetodie.jpg

usa.StefanMetodie.jpg

 usa.StefanMetodie.jpg

  usa.StefanMetodie.jpg

 usa.StefanMetodie.jpg

 usa.StefanMetodie.jpg

 

 

ипоѓакон Ѓорѓи Ѓурчиновски
Алексо Муртановски


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

« »

Православен календар

 

19/06/2025 - четврток

Петровденски пости;(на масло)

Преп..Висарион Чудотворец


Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов Апостол Ерма 13 јуни/31 мај  2025

Тропар на св. Христов Апостол Ерма 13 јуни/31 мај 2025

Како огнот што го загрева железото, така благодатта срцето човеково,за да го покаже сето она кое е нечисто, о Ермо велики, Бог те...

Тропар на преподобниот Христов исповедник Далматскиот игумен Исакиј 12 јуни/ 30 мај 2025

Тропар на преподобниот Христов исповедник Далматскиот игумен Исакиј 12 јуни/ 30 мај 2025

Исповедник на Православието, скротувач на ѕверови во луѓето, преподобен оче наш Исакие, пратеник Божји за сведоштво на вистината, Црквата со твоите...

Тропар на света Христова маченичка Теодосија девица 11 јуни/29 мај 2025

Тропар на света Христова маченичка Теодосија девица 11 јуни/29 мај 2025

Добродетели со љубов си стекнала, маченичке,  чисто живеалиште Христово, и на Светиот Дух возљубен дом; оттука си го посрамила непријателот  кој се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная