логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


 00.jpg

Илинденска радост
01.jpg

20 јули/2 август 2013 лето Господово, „Илинден“

02.jpg


„Сега светлозарното сонце го озарува со светлина небесниот свод при искачувањето на огнените коњи. Сега целата вселена, озарена со светлозарни зраци, радосно торжествува, празнувајќи го пресветлиот спомен на огненосниот пророк Илија, зашто овој чудесен Илија ја просветли целата вселена како сонце со извонредни чудеса и знаци, и ревносно ги изгоре противниците и непокорните на Вистината“. (Извадок од Похвалното слово за свети пророк Илија од светиот отец наш Климент Охридски)
Духовно озарена од оваа светлозарна светлината на чудесниот пророк Илија, се радува денес целата наша татковина, зашто, навистина, св. Илија се покажа како непоколеблив заштитник на нашиот православен народ низ вековите, поборник за вистинската вера и Божјата правда. Не случајно нашите христољубиви предци  некогаш токму на овој ден пожртвувано востанале за слобода на својата православна вера и татковината, знаејќи дека нивната возвишена борба е поткрепена со молитвите и застапништвото на огнениот ревнител за Вистината. И кој би можел да порекне дека нивната маченичка крв, така евангелски пролеана за Бога и ближните, го полеала семето на слободата која денес ние ја живееме и толку ѝ се радуваме!?
Со срца исполнети со бескрајна благодарност кон оние коишто христијански ги положиле душите свои за Бога и ближните, и со најтопли молитви кон милостивиот Бог и Неговиот славен и сефален пророк Илија, браќата и сестрите од Бигорската и Раичката обител го празнуваа денешниот спомен поделени на три различни места, во три свети и прекрасни храма.
На светата богослужба утрово Илинденската радост изобилно го исполни Бигорскиот соборен храм на св. Јован Крстител, кој, навистина, некогаш врвеше „во духот и силата на Илија“ (Лк. 1, 17) и се покажа еднаков ревнител за божествената правда и вистина.
Како и секоја година, така и овој „Втори август“, дел од нашите браќа и сестри го прославија заедно со жителите на с. Лазарополе, во преродбенскиот храм на св. вмч. Георгиј, храм - споменик за живата вера и христољубивиот дух на нашите предци. Колку ли само тие се радуваа што во храмот кој тие некогаш го подигнале, денес се служеше торжествена света Литургија!?

03.jpg

04.jpg


Но, можеби, најторжествено беше во „Пречиста Кичевска“, во таа славна Богородична обител, каде низ вековите со маченички венец се удостоиле многу црнорисци, меѓу кои и светите преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј, чијшто спомен сјае исто така денес, заедно со споменот на св. Илија. Точно една година после нивното прославување од земната Црква и впишувањето на нивните бесмртни имиња во диптихот на светиите, светите Пречистански преподобномаченици, заедно со св. пророк Илија, приредија раскошна духовна трпеза, богата се небесна благодат, за верниците и нашите монаси и монахињи, кои со својот највозљубен старец, архимандритот Партениј, присуствуваа на манастирската слава. И навистина, колку силно се почувствува благодатното присуство на славниот пророк и преподобномачениците на светата архијерејска Литургија, со која чиноначалствуваше нашиот почитуван владика, митрополитот Дебарско-кичевски, г. Тимотеј, во сослужение со митрополитот Брегалнички, г. Иларион, епископот Лешочки, г. Јосиф, архимандритите Нектариј и Партениј, како и повеќе свештеници и ѓакони! Голема и преголема беше радоста што ги исполни душите на верните, радост која седобриот Господ им ја испраќа на сите кои искрено и со отворени срца Го бараат Него, Изворот на најголемата радост.
А таа преизобилна Илинденска радост постана вистински повод во манастирот „Пречиста Кичевска“, од страна на академикот Цветан Грозданов, да биде промовирана новата книга на д-р Сашо Цветковски, насловена токму така - „Пречиста Кичевска“ - која е една прекрасна научна повест за славното и преродбенско минато на ова наше големо светилиште.
Милостив Христе, по молитвите на Твојот пречист избран сад, славниот Твој пророк Илија и по молитвите на цврстите столбови на верата, светите Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј, сочувај ја татковината наша и православниот народ наш, и душите на оние што ги подариле своите животи за вистинската вера во Тебе и за своите ближни, всели ги во населбите каде што непрестајно сјае Твојата неискажлива слава, заедно со Отецот и Светиот Дух, сега и секогаш и во веки веков. Амин!

 05.jpg

 07.jpg

 08.jpg

 09.jpg

  10.jpg

 11.jpg

Избор: Бигорски манастир

2-ри август, лето Господово 2013

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

24/06/2026 - среда

Петровденски пости; (пост со масло)

+Св. апостол Вартоломеј; Светиот апостол Варнава; Св. 222 Кинески исповедници и маченици; Празник на иконата „Достојно е“ ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

† Праз. на  икона „ДОСТОЈНО ЕСТ“-Тропар на св.Вартоломеј  24 јуни/11 јуни / 2026

† Праз. на икона „ДОСТОЈНО ЕСТ“-Тропар на св.Вартоломеј 24 јуни/11 јуни / 2026

 Достојно е навистина Тебе да те прославуваме Богородице,

Тропар на св. Христов архиепископ Александриски КИРИЛ  22 јуни/ 9 јуни 2026

Тропар на св. Христов архиепископ Александриски КИРИЛ 22 јуни/ 9 јуни 2026

Оној кој солзи лее за вистината, се радува во небесната слобода,

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная