Репортажа од манастирот Ватопед, Света Гора
Во неколку објави напишав, и пак, за слава на Пресвета Богородица, ќе напишам: во свое време, еден старец, бил однесен од ангел во рајот каде што ги видел речиси сите светители, но никаде не ја видел Мајката Божја. Заради тоа му рекол на ангелот: " Видов се, но никаде не ја видов Пресветата Богородица". На тоа ангелот му одговорил: " Таа, речиси, за сето свое време е на земјата за да им помага на луѓето".
Кога Царицата Небесна е постојано на земјата, колку ли пак често ја посетува Својата Градина на земјата, Света Гора!
Денес, манастирот Ватопед брои 120 монаси кои Му служат на Бога и за Царицата Небесна. Во истиот манастир има седум чудотворни икона на Пресвета Богородица. Секоја од нив е во различни параклиси во кои секој ден се служи Молебен кон Богородица. Ватопед брои триесет и седум параклиси од кои дваесет и еден се во внатрешноста на манастирот, а шеснаесет надвор околу манастирот. Соборниот храм е посветен на Благовештение на Пресвета Богородица и во истиот се наоѓа чудотворната икона на Мајката Божја начерена Панданаса или Всецарица.
Во овој манастир има стотици мошти од разни светители. Овде се наоѓа Појасот на Пресвета Богородица, главата на свети Јован Златоуст , на свети Јован Богослов како и на многу други. Покрај главата на свети Јован Златоуст нетлено е и неговото уво на кои свети апостол Павле му ги објаснувал посланијата а свети Јован запишувал.
Старец и игумен на Ватопед е отец Ефрем, а зад Соборниот храм е гробот на блаженоупокоениот старец Јосиф Ватопедски.
Спомнувајќи ја Пресветата, Пречиста, Преблагословена, Славна Владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија...
Продолжува со историјата на седумте чудотворни икони на Пресвета Богородица!
01.08. 2013 Манастир Ватопед, Света Гора
С. С. А