логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Според првичниот проект камбанаријата ја играше улогата само на камбанарија, но со новите измени доби една нова димензија. Ќе има 12 ката, три ресторани, а на секој кат по неколку простории како канцеларии, ателјеа, галерии... Најгоре, на ротирачката платформата е испланиран видиковец-ресторанот од каде ќе се гледа поголемиот дел од Пелагонија, појаснува владиката Петар


Да се пие кафе на висина од 80 метри и притоа да се ужива во панорамската глетка на поголемиот дел од Пелагонија ќе биде можно само во Битола. Таму, во склоп на православниот храм посветен на Сите македонски светители кој почна се гради пред повеќе од дваесет години, ќе никне камбанарија висока 80 метри со подвижна купола на која ќе биде отворен видиковец-ресторан, што пак, ќе претставува ремек-дело во архитектурата. Ова се дел од најновите содржини што на првично проектираниот проект потпишан од сега покојниот архитект Јанко Константинов, ги вметна арх. Јорго Шундовски, открива за ВЕЧЕР иницијаторот за изградба на комплексот, владиката Преспанско-пелагониски, г. Петар.

-Според првичниот проект камбанаријата ја играше улогата само на камбанарија, но со новите измени доби една нова димензија. Ќе има 12 ката, три ресторани, а на секој кат по неколку простории како канцеларии, ателјеа, галерии... Најгоре, на ротирачката платформата е испланиран видиковец-ресторанот од каде ќе се гледа поголемиот дел од Пелагонија, појаснува владиката Петар. Тој додава дека со новите измени, целиот комплекс е проектиран како енергетски ефикасен, а проширени се и дополнети досега предвидените содржини. Градежните работи ги изведува Гранит и од него зависи дали куполата ќе се прави на самото место, или пак ќе се направи настрана, па ќе се подигне и ќе се постави горе.

Црквата ќе биде најголема на Балканот
Комплексот се наоѓа во месната заедница Ѓорѓи Наумов, и зафаќа простор од 10 илјади квадрати меѓу улиците Партизанска и Васко Карангелески. Според архитектонскиот план, неговите пропорции-должина над 80 метри и ширина над 50 метри - ги надминуваат оние на популарната Свети Сава во Белград која засега е најголема црква на Балканот, што значи дека црквата "Сите македонски светители" ќе биде најголема во регионов. Идејата е овој соборен храм да ја врати симболиката на Битола кога градот под Пелистер бил нарекуван Монастир и кој имал над 60 цркви и манастири. Од тие причини, во склоп на храмот се вцртани десетина посебни цркви и параклиси посветени на македонските светители. Над сутеренот има три помали црквички, а покрај олтарската апсида е црквата посветена на света Лидија.

Освен камбанаријата од 80 метри, ќе има и уште една средна купола висока 55 метри и други објекти како крстилница, библиотека, галерии, соби за симпозиуми и други потреби. На северната страна е замислено да се гради капела каде што ќе може да се сместат триесетина покојници, вели митрополитот Петар, кој додава дека несекојдневноста на комплексот ќе ја дополни крстилницата која е замислена да се гради по примерот на баптисериумите од ранохристијанскиот период. Со еден збор комплексот ќе има различни содржини и освен тоа што во неа ќе се извршуваат сите верски обреди, посебно ќе го свртува вниманието на младите бидејќи на источната страна ќе има каскадно направен амфитеатрален простор каде ќе можат преку цел ден да уживаат и да се дружат. Исто така, ќе се гради и фонтана.

Се планира донаторска конференција
Колку ќе трае изградбата, тоа не се знае, вели Владиката Петар потсетувајќи дека при реализацијата на вакви импозантни сакрални објекти низ историјата траеле по неколку децении, па и векови. Од 1993 година, откако е почната изградбата досега е реализирана една четвртина од проектот главно со издвоени средства од донатори или од денационализација, но за понатамошниот стадиум се бараат начини за формирање на фонд со наменски средства во кој верниците ќе можат да донираат.
-Пред неколку години добивме 150 илјади евра помош од Владата и тој импулс беше доста значаен, иако се работеше за релативно мала сума. Досега крпевме некако но, за во иднина треба да се направи една голема донаторска конференција бидејќи ни претстои реализација на покомплицираниот дел. Всушност и немавме многу можност да побараме донации поради тоа што се градеа подрумските простории, она што не можеше да се забележи, а сепак е многу значаен. Сепак, сега откако почна да се гледа градбата веќе имаме сила да апелираме за помош, вели владиката Петар. Не може точно да се определи колку ќе чини изградбата, додава тој, но мислам дека ќе ни бидат потребни најмалку милион и пол илјади евра.

И битолчани велат дека само со божја волја и со помош на верниците може да се догради православниот храм посветен на Сите македонски светители. Се надеваат дека во догледно време Битола да го добие најголемото светилиште на Балканот.

Споменот на сите македонски светители, МПЦ го празнува во првата недела од месец октомври, со голема слава и чест, кои со своите дела имаат големо значење не само за македонскиот народ, туку и за целиот христијански свет.

Елизабета АРСОСКА - ВЕЧЕР

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

« »

Православен календар

 

07/07/2025 -понеделник

Петровденски пости (на риба)

Раѓањето на Свети Јован Предвесник и Крстител Господов; Св. Никита, епископ Ремесијански; Св. маченици Орентиј, Фарнакиј, Ерос, Фирмос, Фирмин, Киријак и Лонгин;

 

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни  2025

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни 2025

Пророче и претечо на Христовото пришествие,не знаеме како достојно да те восхвалиме,ние кои со љубов те почитуваме, со твоето славно...

Тропар на св. Христова м-ца Агрипина  6 јули/23 јуни 2025

Тропар на св. Христова м-ца Агрипина 6 јули/23 јуни 2025

Оковите железни го опфатија телото твое, но љубовта кон Христа даде ослободување, не само од маченички болки, туку од заробеноста...

Тропар на св. Христов свм. Евсевиј епископ Самосатски 5 јули/22 јуни   2025

Тропар на св. Христов свм. Евсевиј епископ Самосатски 5 јули/22 јуни 2025

Крин процвета во земјата сиријска,мирис се разлеа во црквата Христова,пастир мудар беше испратен при децата,да се возвеличува Еден Бог во...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная