Кондак 1:
На избраната невеста Христова, светата
преподобномаченица Параскева, со вера и љубов пофална песна како на добра
исцелителка и принесуваме: Ти, пак, страстотрпнице Христова, милостиво послушај
нé и од сите маки ослободи нé, нас кои ги воспеваме подвизите и страдањата твои
и умилно ти повикуваме: Алилуја!
Икос 1:
Ангел Господов испратен беше
да им возвести на неплодните родители твои, преподобномаченице, откако како Бог
нивната молитва ја услиша: Ќе родите ќерка благословена, на Царството Небесно
наследничка. На таквото, прекрасно предвестење за раѓањето твое восхитувајќи му
се, како избраница Божја, со овие пофалби те ублажуваме:
Радувај се, со
ангелски глас предвестена; радувај се, на родителското неплодие со раѓањето свое
разрешителка.
Радувај се, со многу молитви од Бога испросена; радувај се, на
сите во бодроста молитвена учителка.
Радувај се, на добриот корен
плодородителка; радувај се, на Христољубивите татко и мајка, ќерко
богољубезна.
Радувај се, од утробата мајчина за служба на Христа предизбрана;
радувај се, на Женихот вечен со девството твое обручена.
Радувај се, на
божественото милосрдие јавување кон луѓето; радувај се, на молитвата кадило
непрестано.
Радувај се, на мрзливите разобличување; радувај се, на
маловерните добро утврдување.
Радувај се, преподобномаченице Христова,
Параскево, сеславна!
Кондак 2:
Гледајќи ја суетата и непостојаноста
на светот, Параскево богомудра, си посакала од светот да се оддалечиш, та да
можеш постојано на Христа Бога да Му благоугодиш, и непречено благиот јарем
Негов да го носиш, постојано во молитва да пребиваш, повикувајќи Му:
Алилуја!
Икос 2:
Небесна мудрост стекнувајќи, преподобномаченице
Параскево, по скончанието на родителите твои, сиот имот на бедните си го
раздала, усрдно по патот на исповедањето на Христа итајќи, затоа на овој начин
те фалиме:
Радувај се, ти што со красота духовна заблеска; радувај се, ти што
користа телесна ја премавна.
Радувај се, ти што со благодатта на Светиот Дух
душата си ја наполни; радувај се, ти што името Негово да го исповедаш не се
исплаши.
Радувај се, исповедничке Христова непоколеблива; радувај се,
страстотрпнице Христова многустрадална.
Радувај се, богомудра благовесничке
на Евангелието; радувај се, на многуте добродетели ризницо.
Радувај се,
преподобномаченице Христова, Параскево, сеславна!
Кондак 3:
Со
вишната сила Божја укрепувана, света преподобномаченице Параскево, немоќта на
житејската природа си ја оставила, и, откако во оклопот на исповедањето на
Христа си се облекла, со идолските жреци храбро си се борела, и кога со страшни
маки тие од љубовта Христова сакаа да те одвратат, од трпението твое пораз
претрпеа, со Ангелите кога пееше: Алилуја!
Икос 3:
Си имала душа со
храброста Христова преисполнета, Параскево богомудра, нечестивите мачители силно
си ги посрамила, потсмевајќи се на мачењето нивно, и, иако во тело страдално си
била, заради Христа сé си претрпела, а нас си нé научила вака да ти
пееме:
Радувај се, Божја исповедничке громогласна; радувај се, на Исуса
Преслаткиот невесто прекрасна.
Радувај се, ти што на дар Нему Му принесе
девственост беспрекорна; радувај се, ти што крвта своја за Него ја
пролеа.
Радувај се, ти што пред судиите и мачителите името Негово бестрашно
го исповеда; радувај се, ти што сведоците на маките твои ги приведе во
верата.
Радувај се, во молитвите наши топло прибежиште, радувај се, на
надежта наша кон Господа сокровиште.
Радувај се, на љубителите на времени
наслади разобличување; радувај се, на тие што ги бараат возвишените нешта
охрабрување.
Радувај се, на тие што се во борба помошничке; радувај се, добра
утехо на оскрбените.
Радувај се, преподобномаченице Христова, Параскево,
сеславна!
Извор:
Македонска Православна Црква „Св. Параскева - Петка“2056 N Kedzie Ave, Chicago, IL 60647
Друго: