логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  Извор:  http://www.dke.org.mk/novosti/novost.asp?PodatociID=967

 
    СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ, СВ. ВМЧ. ПАНТЕЛЕЈМОН И СВ. СЕДМОЧИСЛЕНИЦИ (09.08.2013)



„Споменот на сесветлиот маченик сјае како сонце во краиштата (на вселената), и непрестајно на верните им дава исцеленија, болести изгонувајќи и страсти лекувајќи, бидејќи Пантелејмон непрестајно Му се моли на Христа, на душите наши да им дарува милост голема“ (стихира на Слава... на хвалитни на Утрена на св. вмч. Пантелејмон).

Торжествувањето на светиот Климент Охридски, светиот вмч. Пантелејмон, како и на светите Седмочисленици во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, на крајот беше украсено со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Неговото Преосвештенство Епископот Лешочки г. Јосиф, архимандритите Нектариј и Партениј, протоереите Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, еромонасите Доситеј и Григориј, свештениците Никола Христоски и Димче Азески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконите Васко Голабоски и Саше Целески. По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Архиепископот Стефан се обрати кон верниот народ со птигодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.  



Архиепископ Охридски и Македонски Стефан
------------------------------------------------------------------------

ДА ГО ЧУВАМЕ ДЕЛОТО ШТО НÈ ЗАЧУВА*

Денес, според календарот на Светата Православна Црква, го одбележуваме споменот на св. вмч. Пантелејмон и на свети Климент Охридски.Oдносно, денес ги чествуваме и другите во групата на светите Седмочисленици, меѓу кои е и денешниот славеник - свети Климент.

Божја волја била големиот маченик за верата Христова – св. Пантелејмон, патронот на древниот храм на ова место на Плаошник и неговиот градител – св. Климент Охридскиот чудотворец – да ги празнуваме заедно. Познато е, св. Пантелејмон потекнувал од Никомидија, бил роден од мајка христијанка и татко незнабожец. Како млад ги изучувал медицинските науки, а поседувал и моќ да лекува од најразлични болести, се разбира со името на Господа Христа.Како Христијанин, тоа било повод да биде обвинет, осуден и исечен со меч на денешен ден, во 304-тата година, во времето на императорот Максимијан, познатиот гонител на христијаните. Тој голем маченик за верата и чудотворец бил заштитник и на нашиот свети Климент, кому тој му го посветил и храмот што го изградил на Плаошник. Според биографските податоци и свети Климент се упокоил на истиот ден, на 9-ти август по нов стил, кога се празнувал и свети Пантелејмон, па еве, од 916-тата година па наваму, заедно им се одбележува нивниот спомен. Но, за денешниов празник карактеристично е и тоа што овој ден им е посветен и на светите Седмочисленици, на светите Кирил и Методиј и нивните најблиски и највредни ученици – светите Климент, Наум, Сава, Горазд и Ангелариј. Тоа е групата од седумина, во која има носители и помагачи во мисиите, а особено во Моравија и Панонија, од која годинава се навршуваат 1150 години.

Возљубени, знам дека на повеќемина од вас присутните познато ви е делото што светите Браќа го направија и им го оставија на народите. Но сепак,ќе потсетам дека, по барање на тогашниот моравски кнез Ростислав, а на предлог на византискиот Император Михаил, во 863-тата година светите Браќа отишле меѓу словенските народи во Централна Европа. Претходно подготвувајќи се составиле азбука, земајќи го за основа говорот на Македонците во Солунско, па ги превеле потребните богослужбени книги, избрале помошници и тргнале во мисија – да ги подучуваат и утврдат во верата, да богослужат на разбирлив јазик и да им помагаат на словенските народи во борбата против влијанието на западното латино-германско свештенство. Нивната мисија меѓу Моравците, и покрај противењата и обвинувањата на непријателите на нивното дело, траела сѐ до крајот на 868-та година, кога, преку Венеција, трганле кон Рим, за пред папата да објаснат за што, всушност, се обвинети. Но напротив! Бидејќи светите Браќа со себе ги носеле моштите на свети Климент епископот римски, кој настрадал маченички во 101-та година, а ги пронашле во една мисија во Херсон, тие биле најсвечено пречекани уште пред портите на Рим.Потоа пред римскиот папа не само што се одбраниле од обвиненијата, туку добиле благослов и да богослужат на словенски јазик и со словенски книги, во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим. Но, од напорните патувања и истоштен од мисиите, свети Кирил се разболел и по кратко време се упокоил, на 27. Фебруари 869-тата година, и бил погребан во базиликата Сан Клементе во Рим.

Свети Методиј ја продолжил „заораната бразда“, овојпат како епископ во Панонија. Но, борбите и противењата против словенската богослужба, проповед и писменост - не престанале. Свети Методиј пак бил обвинуван за истите „гревови“, па дури и суден и двеипол години ги поминал во затвор, кај денешен Елванген во Германија. Починал во 885 година. За местото на неговиот гроб во науката сѐ уште мислењата се поделени. И по смртта на двајцата не престанала борбата против јазикот и сѐ што создале светите Браќа. Се знае дека и нивните ученици не биле поштедени, туку прогонот продолжил и против нив. Некои биле продадени како робови, а некои во групата на свети Климент и Наум, преку Белград и Преслав, се вратиле во Македонија. И она што е најважно – светите Климент и Наум го продолжиле започнатото дело на своите учители. Свети Климент, во Охрид отворил училиште и до 893-тата раководел со истото, па, откако бил избран за епископ, таа должност ја презел свети Наум, кој, до повлекувањето на јужната страна од Езерото, околу 900-тата година, раководел со познатиот духовен центар на Плаошник.

Возљубени, прашање е што ќе останеше од Моравската мисија и од Кирилометодиевото дело, ако свети Климент и Наум не ја продолжеа дејноста на своите учители!? Што ќе останеше од јазикот, од писмото, од богослужбата, од книжевноста, што ќе останеше од посебноста на народите во Средна Европа и овде на Балканот, па сѐ до Киев и Владивосток? Јазикот од Солунско, покрај верата, стана најцврстата врска за повеќе народи и милиони луѓе, а азбуката, писмото и богослужбените книги создадени и преведени од светите Браќа, потоа и од нивните ученици, постанаа и останаа нитка што ги поврзаа за навек народите што ги разбираа, примија и зачуваа тие богоугодни дарови и дела на светите учители и нивните ученици.

Ова би бил краток опис на настанот од пред 1150 години, од познатата Моравска мисија на светите Кирил и Методиј, со која извршиле пресврт во духовниот и културниот живот, во развојот и опстојот на народите за кои истата била наменета или имала некаква врска и влијание. Но, и покрај сите невремиња и покрај сите противења и непријателства што предизвикала таа мисија, нејзините плодови во најголема мера останале, се зачувале и, еве, сѐ уште траат: и азбуката, и писмото, и јазикот, и богослужбата за кои тие се бореле – опстојуваат и денес, по единаесетипол столетија. Но она за што, веројатно, многумина меѓу нас и се прашуваат, би било следново: Што би рекле светите Кирил и Методиј и светите Климент и Наум кога би поминале низ земјите во кои проповедаа, коба би се прошетале и низ Охрид, Скопје и сите наши населени места, што би рекле за писмото со кое се напишани многу фирми, реклами и имиња, за писмото и јазикот, што би рекле за напишаното за нив во нашите учебници, и што би им порачале на генерациите од нашево време, па и за идните?–Веројатно ќе ни речат дека сме отстапиле и сме се предале без притисок и пресуда, ќе ни речат пак како некогаш – чувајте ја верата прадедовска, чувајте ги јазикот и писмото вековни, чувајте сѐ што ви помогна да ја зачувате својата посебност и идентитет – и духовна и национална и културна... И, навистина, ако погледнеме и во историјатаи во сегашноста ќе видиме дека многумина во минатото отстапија или ја менија својата вера, дека многумина и денес не си ја познаваат, или не живеат според верата, дека големи отстапки правиме и во јазикот и во писмото, дека недоволно ја негуваме чистотата на јазикот и правописот, не размислувајќи за последиците од тоа, во секоја смисла.

Возљубени, ја спомнав потребата од познавање на верата и живеењето според неа. – Па што би очекувале да речат светите Првоучители, ако во земјата во која тие ја научија верата и израснаа во големи учители и мисионери, во земјата каде што се отвори првиот образовен духовен центар, не само на Балканот туку и пошироко, во земјата од која и другите црпеа знаење и писменост, ете, во таа наша земја денес срамежливо се практикува вероучението и уште понеодговорно се чуваат вредностите што нѐ одржаа како народ... Ова нека биде и апел – да размислиме колку секој посебно и сите заедно правиме за да покажеме дека сме достојни следбеници на големите учители и рамноапостоли, на светите Кирил и Методиј и на светите Климент и Наум, и на сите вистински продолжувачи и чувари на големото богоугодно дело – дело на кое оваа година му одбележуваме единаесетипол вековно опстојување.

Да се помолиме, светите Климент и Наум, и светите Кирил и Методиј, и другите во групата на Седмочислениците и св. вмч. Пантелејмон, чиј спомен денес им празнуваме, да ни помагаат да го зачуваме големото дело, родено во Македонија и пренесено до Моравија и Панонија, а од таму меѓу словенските народи и земји како и другите дејности и дела на големите рамноапостоли и учители! Амин!
---------------------------------------------------------------------------------------------------------
*Слово изговорено во Охрид – Плаошник, на денот на св. Климент 09.08.2013 г

 

 

  Повеќе:   http://www.dke.org.mk/novosti/novost.asp?PodatociID=967


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная