Утре, на 4 септември 2013 година, од 18 часот во параклисот на св. Никола, во скопската населба Аеродром, отец Бобан Митевски ќе отслужи мало повечерие со читање на Акатист кон Пресвета Богородица, при што верниот народ ќе биде помазан со мирото од чудотворната икона на Мајката Божја, Иверско-Хавајска.
Друго:
„ Оваа свечена служба содржи 12 кондаци и 12 икоси. Кондакот е кратка песна
која содржи пофалба за дневниот светител или ја кажува суштината на празникот.
Икосот, пак е црковна песна со која се прославува некој светител или празничен
настан, Во овој случај се прославува Мајката Божја, бидејќи овие пет акатисти се
посветени токму на Неа.
Секој Кондак завршува со воспевот или пофалбата:
Алилуја! кое во превод зпачи: ХВАЛЕТЕ ГО ГОСПОДА А секој Икос завршува со
восклик или пофалба кон Пресвета Богородица со зборовите: Радуј се, Невесто
неневесна!“
- Мироточива икона на Мајката Божја, Иверско- Хавајска голема светиња и утеха во Америка! (04.11.2012)