Скопје, 20. 09 2013 год.- храм на св. пророк Илија во населбата Аеродром на празникот на Светите апостоли Евод и Онисифор и светиот маченик Созонт
-
Во дванаесетта недела по Педесетница, кога
Светата Црква молитвено се потсетува на Светите апостоли Евод и Онисифор и светиот маченик Созонт во храмот
на св.пророк Илија , во населбата Аеродром, во Скопје, отец Диме отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верен
народ се причести со Светите Христови
Тајни. На крајот од Литургијатасе извршимал петочен водосвет.
Старечник
Говореа како авва Јован Колов кога се упатил еднаш кај некој од тивејските старци во Скитот, останал во пустината. А аввата, кога го зел неговиот сув стап, го засадил и му рекол: „Полевај го секој ден дури не донесе плод.“ А водата била толку далеку од нив што одел навечер а се враќал наутро. И така, после три години, оживеал стапот и донел плод. А старецот, кога го зел неговиот плод, го однел в црква, и им рекол на браќата: „Земете, јадете од плодот на послушанието“.
Преминпортал(к.т.)
20-ти септември, летоГосподово 2013