Ако ѓаволот не може од внатре да те заведе, почнува да те мачи надворешно –
преку луѓето кои му се потчинети. Затоа биди подготвен за ова страдање и
очекувај ги непријатностите да ти дојдат на гости. Еднаш ти се приближуваат
пофалби, потоа укори, клевети и тешкотии од секаков вид. Многу е важно да сфатиш
кој ја предизвикува бурата, и сето тоа мирно да го поднесеш: непријателството
против одредени луѓе треба да се претвори во непријателство против лукавиот кој
стои позади нив и ги поттикнува на непријателство. Кога ќе надојдат работи кои
те натажуваат и лутат, обрати Му се на Бога и не му дозволувај на ѓаволот да ти
пријде. Ако не успееш во тоа, тогаш барем молчи додека не се совладаш. Потоа
мирно и љубезно зборувај со другите.
Не им замерувај и не ги потсетувај
на направената неправда. Само моли Му се на Бога лошите впечатоци во срцето да
исчезнат што е можно побрзо. Така ќе бидеш чист пред Него, Кој го води човекот
чекор по чекор, преку неволјите кои чистат. Тешко е без неволји да го победиме
своето фарисејско самооправдување.