Скопје, 9-ти октомври , лето Господово 2013- храм на св. Петка на празник свети Јован Богослов, апостол и евангелист
Свети Јован Богослов, апостол и евангелист
Син на рибарот Заведеј и на Саломија, ќерка на праведниот Јосиф. Повикан од Господ Исус, Јован веднаш го остави татка си и мрежите рибарски и заедно со својот брат Јаков тргна по Христа. И оттогаш повеќе не се одвојуваше од својот Господ до самиот крај. Со Петар и Јаков присуствуваше при воскреснувањето на Јаировата ќерка и на Перображението на Господ на Тавор. На Тајната Вечера ја положи главата на градите Исусови. Кога сите други го оставија распнатиот Господ, Јован заедно со Богородица остана под Крстот. На заповед од Господ тој потоа ѝ беше како син на Пресветата Дева и грижливо и служеше и Ја чуваше сe до Нејзиното успение.
„ Oнoј кoј штo ќe oбрати грeшник oд лажлив пат, спасува eдна душа oд смрт и ќe пoкриe мнoгу грeвoви, така пишува апoстoл Јакoв (5:20). Христoвитe апoстoли нe гoвoрeлe самo така, туку и сo дeлo гo пoтврдувалe тoа.“
По успението на Пресвета Богородица свети Јован отиде заедно со својот ученик Прохор да го проповеда Евангелието во Мала Азија. Најмногу се бавеше и дејствуваше во Ефес. Со својата вдахновена проповед и со своето чудотворство мнозина ги обрати во христијанството и од темел го расколеба незнабоштвото. Огорчени, незнабожците го врзаа и го пратија во Рим кај царот Дометијан. Пред царот беше мачен и биен, но бидејќи не му наштети ни најлутиот отров што му го дадоа да го испие, ни зовриеното масло во коешто го фрлија, царот се исплаши и сметајќи го за бесмртен го испрати на прогонство на островот Патмос. На тој остров Свети Јован мнозина ги обрати во христијанството со зборови и чуда и добро ја утврди Црквата Божја.
На 9-ти октомври 2013 година, на свети Јован Богослов, апостол и евангелист, во храмот посветен на св. Петка во скопската населба Црниче,старешината на храмот, отец Томе Вејлановски отслужи Божествена Литургија. Многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни
Преминпортал (к.т.)