Скопје, 11. 10 2013 год.- храм на св. пророк Илија во населбата Аеродром на празникот на Преподобен Харитон Исповедник
- Во петнаесеттата недела по Педесетница, кога Светата Црква молитвено се потсетува на Преподобен Харитон Исповедник, во храмот на св.пророк Илија , во населбата Аеродром, во Скопје, свешеникот Ангел Сердарски отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. ПоЛитургијата се отслужи мал петочен водосвет.
Свети Григориј Палама
Кога секоја во душата вселена страст ќе се отстрани од неа, а умот ќе се врати самиот на себеси, собирајќи ги целосно и сите други душевни сили, тогаш тој исполнувајќи ги добродетелите ја одобродетелува и душата, напредувајќи кон сѐ поголемо совршенство, склон кон натамошно искачување (сп. Пс. 84, 5). Уште повеќе, очистувајќи се и миејќи се со Божја помош, умот не само што се чисти од демонските наноси туку отстранува од себе и сѐ друго, дури и она што се чини вредносно и разумно. А штом ќе се издигне над сѐ духовно (интелегибилно) и над поимите на фантазијата за него, и богољубиво и побожно ќе се одрече од сѐ, тогаш, според кажаното, застанува „глув и безгласен“ пред Бога. Во таков миг го совладува законот на материјата и непречено се обликува во својот највозвишен облик, слободен од сѐ надворешно. Ова му го овозможува однатре благодатта, која преобразува на подобро, и што е уште почудесно, со неискажлива светлина ја просветлува внатрешноста на душата и го восовршува внатрешниот човек.
Preminportal (к.т.)