19-ти октомври, лето Господово 2013 - Малме
- Со ова дело на вашите раце покажавте дека сте чеда на богољубив народ, дека припаѓате на народ што создавал и создава дела за восхит, дела што го красат Балканот и се дел од светската цивилизација.Овој велелепен свет храм, верувам , ќе придонесе и повеќе и подалеку да се слушне, и кој сме и од каде сме и какви сме како народ, рече во поздравната беседа Архиепископот Стефан по чинот на осветувањето на новоизградената црква Свети Наум Охридски во Малме, Шведска.
На Светата Архиерејска Литургија чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на надлежниот Митрополит Европски Пимен и најстариот Митрополит Петар , како и црковни великодостојници од МПЦ ОА.
- Со единство ќе можеме полесно да ги надминеме проблемите и искушенијаташто ги имаме на национален и црковен план.Македонија и се што е македонско , и името и идентитетот, и културата и историјата и Црквата, насекаде и отсекаде се чуваат и се бранат, изјави Г Г Стефан на чинот на осветувањето.
Некаде околу 15 илјади македонци живеат и работат во Шведска, а денес одбележуваат ќетири децениски јубилеј од формирањето на Црковната општина во Малме.
Точно пред десет години е поставен камен темелниккот на црквата, архитект е Тодор Паскали, а иконостасот е изработен во Македонија.
За Преминпортал:
Јулијана Тануровска