Не спомнувај ги гревовите на умрените, Слове,
Твоето милостиво срце да не држи лутина.
На денот кога Светата Црква го слави споменот на светиот великомаченик Теодор Тирон и света Маријамна (Марија), во храмот на св Петка во Скопје, се отслужи Божествена Литургија . На Литургија верниот народ се причести со Светите Тајни Христови.
Светиот великомаченик Теодор Тирон
„Тирон“ значи „регрут“. Штотуку Свети Теодор беше стапил во војска, во Мармаритскиот полк, во градот Амасија, започна гонењето на христијаните под царевите Максимијан и Максимин. Со оглед дека тој не сакаше да крие дека е христијанин, го подложија на суд и го фрлија во затвор, заклучен и запечатен. Во затворот му се јави Самиот Христос велејќи му: „Не плаши се, Теодор, Јас Сум со тебе, не земај веќе овоземна храна и пијалок, зашто ќе бидеш во другиот живот, вечниот и неминливиот, со Мене на небесата“. При ова се јави мнозинство ангели во затворот и сиот затвор заблеска прекрасно, а затворските стражари ги видоа ангелите облечени во бело и мошне се уплашија. По ова Свети Теодор беше изведен и осуден на смрт. Го фрлија во оган и Му ја предаде својата душа на севишниот Бог. Пострада во 306 година.
Света Маријамна (Марија)
Сестра му на Светиот апостол Филип. Патуваше со својот брат и заедно го проповедаа Евангелието во Ерапол и по други места. После маченичката смрт на Филип Маријамна ја продолжи својата мисионерска работа во Ликаонија, каде што и се упокои.
Ва овој ден божествените оци озаконија да се прави помен на сите од века благочестиво упокоени луѓе, од следниве причини: прво, бидејќи има луѓе кои пред време се упокоиле во туѓина, во мориња и непроодни гори, стрмнини и јами, во несрежи и од глад, пожари, ледови, бури и мразеви, и претрпеа и други видови смрт, какоми други луѓе сиромашни и немоќни кои не биле придружувани со потребните цковни молитви, божествените оци, научени од свештените апостоли, и движени од човекољубие, определиле соборно да се прави заеднички помен, покажувајќи со тоа дека починатите имаат полза од молитвеното посредување на Црквата...
Друго
ОДНОСОТ НА ВЕРНИТЕ КОН ДУШИТЕ НА ПОКОЈНИТЕ
Посети:{moshits}