логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  Korica.POUKI,Pajsij.jpg

ПРЕДГОВОР

Гледајќи како во нашето време „гревот стана мода", блаженоупокоениот старец Пајсиј посебноја нагласуваше неопходноста од покајанието и исповедта, што особено е забележително во последната глава одтретиоттом. „Покајанието и исповедта денес се потребни повеќе од се за ѓаволот да биде лишен од правата што му ги дале луѓето, а врз основа на кои тој го растура светот", ни говореше старецот.
Многу луѓе со помош на старецот првпат пристапиле кон светата тајна исповед и го смениле својот живот; тие се трудат како трудољубиви Божји деца и уште сега како да живеат во рајот. „Сите луѓе се многу добри", со радост ни говореше старецот. „Се уште не ми се има случено некого да го посоветувам да се исповеда, а тој да не го направи тоа". Без сомневање, за ова придонесувала и големата љубов на старецот што ги менувала неговите соговорници, преобразувајќи ја неплодната земја /на нивните души/ во плодна.
Во овој треттом, кој се издаде по молитвите и благословот на нашиот нов архипастир, преосветениот митрополит Касандриски, г.г. Никодим, собрани се теми што можат да му помогнат на измачениот човек од гревот да стекне „грижа по Бога" и да започне духовна борба за да се ослободи од јаремот /на гревот/. Живеејќи во покајание, христијанинот ќе може да го слече од себе стариот човек, кој, како што рече еднаш старецот, „е лош закупник во нас, а за да си замине, треба да му ја урнеме куќата и да започнеме со ѕидање на ново здание, нов човек".
Според светите отци, почеток на гревот е - лошата помисла. Поради тоа првиот дел од овој том го составивме од изборот на поуките од старецот што се однесуваат на помислите. „Помислите се показател за нашата духовна состојба", говореше старецот. Добрата помисла има голема сила, таа духовно го менува човекот. Спротивно на тоа, лошата помисла го мачи. Кога човекот ќе ги отфрли лошите помисли и ќе почне да негува добри, умот и срцето му се очистуваат, а Божјата благодат почнува да живее во него.
Во вториот дел од книгата се зборува за тоа дека човекот што трпи неправди и што кон нив се однесува на духовен начин, прима од Бога голем благослов. Оваа вистина често им е непозната дури и на луѓето кои се трудат да живеат духовно; тие се оправдуваат самите себеси и доаѓаат до тоа да „создаваат некое свое евангелие". Така се оддалечуваат од Бога зашто човечката правда нема никаква врска со духовниот живот. Ако сакаме да се ородиме со Христа, треба да стекнеме божествена правда што „во себе носи трудољубивост, благородност, пожртвуваност".

 Pajsij.Svetogorec3.jpg

 Во третиот дел од книгата се зборува за гревот. Човечкиот овоземен живот преку гревот станува пекол, додека со помош на духовната борба може да се претвори во рај. Ако човекот сака да „излезе од темнината на гревот", треба да ја испитува својата совест - тој „прв божествен закон" што му го дал Бог - и смирено да ги признава своите грешки. Тоа ќе го доведе до покајание, до она „ракоделие што нема крај", а во душата ќе му внесе божествена утеха.
Во четвртиот дел се нагласува како силите на темнината што делуваат преку своите орудија - бајачите, опрелестените и на нив сличните - и кои во суштина немаат никаква моќ, стануваат моќни тогаш кога човекот самиот ќе им даде право над себе поради некој сериозен грев, со што и потпаѓа под демонско влијание. За да се ослободи одтоа влијание, потребно е да сфати во што погрешил, да се покае, да се исповеда и да стане совесен член на Црквата.
На крајот, во петтиот дел, старецот истакнува дека светата тајна исповед е неопходна за прошка на гревовите, а за да може христијанинот безбедно да чекори низ духовниот живот, потребно е да има духовен раководител. Се прави јасна разлика помеѓу областа на дејствување на психијатрите и дејствувањето на духовникот - а што често се меша во наше време - и се наведуваат сопствените искуства на старецот, кои ги стекнал духовно дејствувајќи на човечките души.
Старецот, како и секогаш, содржајно одговара на одредени прашања што му биле поставувани, притоа не правејќи систематска анализа и без да ја исцрпува темата за кја станува збор. Целта му била да им помогне на душите да се спасат: „Спасението на душата за мене е утеха и радост", знаеше да рече старецот. Го говорел она што, во секој поединечен случај, забележувал дека може да му помогне на еден човек во борбата, давајќи му ги неопходните „духовни витамини" и секогаш наведувајќи некој соодветен пример. Старецот веруваше дека примерите многу помагаат. Умееше да каже: „Би сакал нешто да напишам, но немам време за тоа - за некои луѓе кои честито го проживеаја својотживот, за некои девојки и момчиња, како и за некои семејни луѓе кои живееја свет живот. Таквите добри примери ги изобличуваат оние кои од гревот направија мода. Со изобличувањето на злото често ништо не се постигнува. Но со упатувањето кон добро, злото се изобличува само по себе".
И покрај тоа што прашањата, како што е познато, ги поставувале монахињите, и покрај тоа што старецот им се обраќал на нив, одговорите се однесуваат на секој човек кој се подвизува или сака да се подвизува „со добар подвиг". Во едно од писмата старецот го пишува, на себе својствен начин, она на што укажувале и црковните отци: „Заповедите се исти и за мирјаните и за монасите, како што е ист и рајот". Често можеме да забележиме дека постојат мирјани кои живеат многу духовно и кои практикуваат сериозно /и совршено/ духовно дело.
Им благодариме и на оние кои, прифаќајќи да го прочитаат ракописот на овој том, го изнесоа своето мислење за него и помогнаа оваа книга да се појави во целосен облик.
Се молиме да се исполни молитвата на старецот: „Добриот Бог да не просветли и да ни дарува добро покајание за сите да се удостоиме за добриот рај, кој Он, како Отец Кој нежно не љуби, ни го подготви". Амин.


Недела на блудниот син, 11 февруари 2001 година.
Игуменија Филотеја
со своите во Христа сестри

 

 Извор:

Издавачка установа „Канео“ при Дебарско- кичевска  епархија - Охрид

Главе и одговорен уредник

Митрополит Тимотеј

  Друго:

 старец Пајсиј Светогорец - СИЛАТА НА ДОБРИТЕ ПОМИСЛИ

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар

 

25/11/2024 - понеделник

Свети Јован Милостив; Светиот пророк Ахија; Преподобен Нил Синајски; Преподобен Нил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная