Скопје, 9 -ти декември 2013 год.- манастирска црква на св.вмч. Георгиј Победоносец , Криви Дол
На 9-ти декември 2013 година, во дваесети третата недела по Педесетница, кога Македонската православна црква го празнува споменот на Преподобен Алимпиј Столпник и Светиот великомаченик Георгиј, во манастирската црква посветена на св.вмч. Георгиј Победоносец во месноста Криви Дол, во Скопје, се отслужи Архиерејска Божествена Литургија на која чиноначалствуваше Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на презвитерот Горан Тасевски, игумен Агатон и ѓакон Игор Настоски. На Литургијата многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни. На крајот од Литургијата, Архиепископот г.г. Стефан произнесе беседа и ги благослови присутните верници поделувајќи ја нафората.
Преминпортал (к.т.)