Кога го собираме нашиот ум, секој од нас, нека го помоли Бога да ни даде дух на послушание на Неговата волја и сите да нè благословува. Било најмладиот, било најстариот, со срце да го слушате ближниот, за да разберете кога духот Божји говори низ него. Еден дваесетгодишен ѓакон – Свети Атанасиј Велики – а не патријарсите, ниту епископите или другите маченици, беше оној што го воведе поимот едносуштен, на Првиот Вселенски Собор 325 година, за да го определи односот помеѓу Отецот и Синот во Света Троица. Но, за да го достигнеме ова, треба да вложиме труд, а ќе го постигнеме само со послушание! Не поставувајќи се над својот ближен, туку служејќи му, стануваме подобни на Господа. Христос ни го покажа патот во ноќта на Тајната Вечера. Беше Господ, а им ги миеше нозете на Своите ученици! (Старец Софрониј)