Скопје , 20-ти декември , лето Господово 2013- храм на св.вмч Димитриј, на празникот на свети Амвросиј, епископ Медиолански (Милански)
На 20-ти декември 2013 година, во дваесетивтората недела по Педесетница, кога Светата Црква молитвено го прославува споменот на ссвети Амвросиј, епископ Медиолански (Милански) , во овој храм на св.вмч. Димитриј, во Скопје, каде фреските и понатаму сведочат за присуството на дарот на Светиот дух, отец Драги Трпески отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На крајот од Литургијата се отслужи мал петочен водосвет.
Старец Софрониј
Најголемата казна за човекот е Бог да го предаде на неговата сопствена волја. Во нашава епоха, која Го отфрли Христа, никој не го сфаќа ова очигледно ропство. Чистата молитва претпоставува безгрижност. Таа се постигнува кога во која било работа, умот бидува слободен од мисли, така што живее само со Името Божјо и благодатта на Светиот Дух. Не дојдов да ја наложам својата волја на другиот, туку да му послужам според примерот Христов. Обидете се да дејствувате на тој начин, и ќе видите, дека благодатта Божја ќе биде со вас. Следствено, усвојте го овој став во секој миг од вашиот живот!
Преминпортал (к.т.)