Кондак 1.
Избран чудотворче, и особен на Христа угоднику, кој на сите верни им излеваш исцеление и неистечиво море од чуда, од љубов те фалиме, преподобен Науме ; имајќи слобода пред Бога, од сите беди ослободи не за да ти воскликнуваме :
Радувај се, преподобен Науме, чудотворче !
Икос 1.
Како земен Ангел по природа, те објави Создателот на сите творенија,
прогледувајки ти ја душата полна со добрина, преблажен Науме, и не научи
сите да ти повикуваме вака :
Радувај се, маченику Христов без крв !
Радувај се, радост на трудбениците !
Радувај се, Божествен засаден цвету !
Радувај се, добродетелна лозо на Христовото лозје !
Радувај се, крине кој во рајот си процветал !
Радувај се, посреднику на сите Мизијски земји !
Радувај се, зашто со тебе се отстранува ридањето !
Радувај се, зашто со тебе радост се принесува !
Радувај се , преподобен Науме, чудотворче !
Кондак 2 .
Гледајќи го излевањето на твоите дарови, Богомудар оче наш Науме, се
просветуваме душевно и телесно, почитувајќи те како прекрасен
чудотворец, кој како со вода на Божји благодати ги напојува сите верници
кои повикуваат кон Бога : Алилуја !
Икос 2.
Неразумното размислување за Светата Троица си го умудрил. Си бил
просветување за Мизиските земји. Заради тоа, верните се научија вака да
ти пеат :
Радувај се, голем столбе на благочестието !
Радувај се, цврсто укрепување на православието !
Радувај се, чесен носителу на Пресветата Троица !
Радувај се, оче, украс на сите преподобни !
Радувај се, премудра добрино на сите богомудри !
Радувај се, мизијска пофалбо !
Радувај се, преподобен Науме чудотворче !
Кондак 3 .
Со силата што ти беше дадена одозгора, си ја избришал секоја солза од
лицата на оние кои луто страдаат, Богоносен оче наш Науме : на
страдалниците им се јавуваш како закрепнувач, на болните -- исцеление ; и
како помошник во се си се покажал на оние кои повикуваат кон Бога :
Алилуја !