Скопје, 03.01.2014 год. - Соборен храм на св.Климент Охридски
На 3-ти јануари 2014 година, во дваесетиседмата а недела по Педесетница, кога Светата Црква молитвено го прославува споменот на светата маченичка Јулијанија и шестотини и триесетте маченици со неа, во Соборниот храм на св.Климент Охридски, во Скопје, отец Драги Костадиновски одслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.На крајот од Литургијата,отецот произнесе беседа запразнувањето на денешните светители.
- Старечник
- Го посетија монаси авва Антониј и му рекоа: „Кажи ни како да се спасиме.“ Старецот им рече: „Сте го слушале Светото Писмо? Доволно е за вас.“ А тие рекоа: „Сакаме да чуеме и од тебе, отец.“ А Старецот им рече: „Во Евангелието се вели: Ако некој те удри по едниот образ, заврти му го и другиот.“ Тие рекоа: „Ние не можеме да го правиме тоа.“ Старецот им рече: „Ако не можете да го свртите другиот, барем едниот истрпете го.“ Му рекоа: „Не можеме ни тоа.“ А Старецот рече: „Ако не можете ни тоа, не возвраќајте на истиот начин.“ Рекоа: „Ни тоа не го можеме.“ Му рече Старецот на својот ученик: „Направи им малку каша, тие се болни.“ А ним им рече: „Ако ова не можете, а она не сакате, што да ви правам? Треба да се молите.“
- Преминпортал (к.т.)