логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Скопје, 12 март (МИА) - Над два милиона дрвца или онолку колку што има жители Република Македонија денеска беа засадени во рамки на големата граѓанска акција „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“.

Се садеше на 63 локации во 30-тина општини ширум Републиката, а беа опфатени 1.031 хектари. Се садеа дрвца на оние места кои летото беа опожарени од големите шумски пожари.

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска во рамки на акцијата засади дрвце во Миладиновци, скопско.

- Два милиона садници да се засадат во еден ден е навистина нешто што досега не се случило. Импресивно е она што го гледаме денеска на сите локации во Македонија, излезот на граѓаните е над сите очекувања. Ваквиот одѕив ќе делува на севкупната општествена свест на државата за националното богатство на Македонија, вклучувајќи ги и шумите, изјави премиерот Груевски по засадувањето на дрвцето.

Според него, најважно е што има капацитет и свест кај луѓето кои, како што рече, сакаат да придонесат и знаат да проценат што е вредно.

Тој потсети дека Владата за 2007 и 2008 година планираше да се засадат вкупно 10 милиони садници од кои само два милиона денеска, со масовно учество на граѓаните.

- Масовното учество помага од многу страни, прво - заштедува средства, второ - ја зголемува свеста кај секој граѓанин дека пожарите настануваат од човечки фактор во најголем дел, од небрежност, од невнимание. Тој што излегол да засади дрво многу тешко е утре да запали затоа што знае како изгледа садење дрво, колку бавно расте, каква корист има од него. Свеста е многу поголема димензија отколку засадувањето, рече Груевски.

Акцијата „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“ за македонскиот премиер е акција за иднината и истовремено апел во иднина луѓето повнимателно да се однесуваат кон она што е наше заедничко, она што е национално богатство на Македонија. - Ова што денеска го садиме можеби не е толку за нас колку за нашите внуци, истакна Груевски.

Во Миладиновци, заедно со премиерот Груевски, дрвце засади и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Во акцијата активно се вклучени и останатите членови на македонската Влада кои засадуваат дрвца на различни локации ширум Републиката.

Министерот за здравство Имер Селмани засади дрвце на локацијата Горна Матка. - Среќен сум како граѓанин на Република Македонија што има ваков голем одѕив на оваа акција, за да инвестираме во нашата иднина и да го санираме она што ни се случи минатата година со пожарите, изјави Селмани. 

Тој рече дека очекува вакви акции да се организираат и во текот на целата година и да станат традиција за нашите поколенија. 

Припадници на регионалните центри на Секторот за гранични работи при Министерството за внатрешни работи, во знак на добрососедство, на четири гранични премини, во заедничка акција со граничните полиции на Србија, Бугарија и Албанија, засадија садници, како поддршка на акцијата „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина“.

Во денешната најмасовна акција за пошумување на Република Македонија активно се вклучија и околу две илјади припадници на Армијата на Република Македонија. Во Миладиновци беа околу 500 припадници на АРМ кои на посебна локација ќе засадат млади дрвца. Секој војник ќе засади по 60 садници.

Претседателот на Собранието на Република Македонија Љубиша Георгиевски денеска во спомен на депортираните македонски Евреи  свечено го отвори објектот ХАНА, каде во присуство на  претставници на верските заедници, на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и на дипломатскиот кор, меѓу кои и амбасадорот на Израел во Република Македонија Армира Арнон, засади дрво пред објектот, со што се вклучи во акцијата.

- Среќен сум што учествувам во ова национално собитие. Тоа е прекрасна акција и би било голема штета ако не стане традиција во нашата држава, изјави собранискиот спикер.

akcija.drvo.jpg

Претставниците на Зелената парламентарна лоби група денеска во Горна Матка засадија дрвца, порачувајќи „Денот на дрвото“ да не биде акција само за еден ден - 12 март, туку 365 дена во годината.

Членот на оваа парламентарна група, пратеникот Маријан Додовски истакна дека ова е многу значаен ден за Македонија, ден кој треба Република Македонија да ја стави во групата на држави кои се грижат за животната средина, за своето потомство и за глобалните климатски промени. На денешниот ден Македонија во пракса покажа дека ја поддржува поговорката „Мисли глобално, делувај локално“.

- Денеска ќе испратиме силна порака до целиот свет дека Република Македонија, иако е мала земја по површина, сепак, е горда и знае да прави големи дела, рече Додовски.

Пратеничката Лилјана Поповска истакна дека парламентарците засадуваат дрвца за нашата иднина, без разлика на кои партии припаѓаат и на која религија.

На локалитетот Горна Матка дрвца засадија и претставници на дипломатскиот кор. - Ова е почеток на нова ера за пошумување на опожарените области. Оваа акција ќе цути, ќе расте заедно со дрвата што денеска ги засадивме, изјави амбасадорот на Република Полска во Република Македонија Карол Бахура, кој засади дрвце со што се вклучи во акцијата.

Тој рече дека Полска беше шокирана од пожарите што минатата година ја зафатија Македонија и дека неговата земја тогаш испрати опрема за да се справиме со огнените стихии.

Хрватскиот амбасадор Иво Кујунџиќ по засадувањето на дрвцето истакна дека оваа акција е многу корисна и потребна и оти имаат намера да ја спроведат и во Хрватска.

stefan.akcija.jpg

На Матка дрвце засадија и поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан, претставници  од Еврејската зедница во Македонија, од Исламската верска заедница и од Космофон.

Акцијата во која се вклучени 9.000 стручни лица, во 30-тина градови,  е граѓанска иницијатива за пошумување во Република Македонија. Акцијата се реализира во соработка и со поддршка од Владата на Република Македонија, НВО, ЗЕЛС, екстрадни уметници, бизнисмени и медиуми.

Денешниот ден Владата на Република Македонија го прогласи за неработен. дма/паг/16:06

Посети:{moshits}


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Св. Јован Шангајски: Богојавление

Св. Јован Шангајски: Богојавление

За да се овозможи оваа промена, за природата да се подготви за непропадливоста која ќе настапи после судниот ден, Христос дојде на водите Јордански. Слегувајќи во Јордан, Христос не ги...

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Да го бараме од Бога тоа божествено просветлување, за кое некои од нас имаат не каков мал опит. Понекогаш се отвораат душевните очи и гледаме нешто друго. Тој што го...

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

„Зошто овој род бара знак – за да поверува? Од времето кога Богочовекот Христос ги изговори овие зборови, па до денес, ништо не е променето. И ние денес, исто така,...

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

22/01/2025 - среда

Светиот маченик Полиевкт; Преподобен Евстратиј; Свети Филип, митрополит Московски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот епископ Ниски, Григориј 10 јануари / 23 јануари 2025

Тропар на светиот епископ Ниски, Григориј 10 јануари / 23 јануари 2025

Словото Божјо привлекувајќи те кон Себе,со мудрост те обдари,о свети епископе Григорие,венец исповеднички доби,кога црквата од ереси ја очисти,

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт 9 јануари / 22 јануари 2025

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт 9 јануари / 22 јануари 2025

Светлината која се покажа на лицето твоеја истера темнината на незнаењето,о, Полиевкте блажен ученику на Љубовта Божја,тебе кого Христос Го...

Тропар на светиот отец Георгиј Хозевит 8 јануари / 21 јануари 2025

Тропар на светиот отец Георгиј Хозевит 8 јануари / 21 јануари 2025

Голем молитвенику пред Господа, подвижнику во смиреномудрието,  учител на монасите во трпението, \ Георгие оче наш преподобен,  застапи се пред Бога...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная