логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 (Извадок)

vozdvizenie.jpg

 

МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО (параболата за митарот и фарисејот)   

  (Лк. 18, 9-14)

  • Блажени се гладните и жедните за правда, - вели Господ, - зашто тие ќе се наситат. Митарот и фарисејот од евангелската парабола дојдоа во храмот гладни и жедни за правда. Застанувајќи пред единствениот вистински Судија, секој од нив на различен начин се обиде да најде милост низ личното обраќање кон Бога. Но, колку што беше различен поединечниот пристап и однесување, толку беше различна и правдата што ја бараа. Фарисејот, според логиката на човечката правда, ги набројуваше делата што требаше да го оправдаат. Тој, на некој начин се обидуваше да докаже дека не Му е должник на Бога. Митарот, пак, стоеше немо пред божествената правда, надевајќи се само на безграничното милосрдие на Спасителот. Тој беше сиот во покајание. Со погледот спуштен кон земјата и со воздишките, тој ја исповедаше беспрекорната мудрост на Христовото истоштение. Неговата кротост и скрушеност беа како икона на страшните и спасителни страданија на Оној, Кој за нас поднесе исмевање, бичување и распетие.

Нема поголема добродетел од смиреното покајание, зашто кога човек преку покајанието ќе се испразни себеси од секоја суета, од секое осудување, од секое високоумие, тогаш тој како вистински свештен сад се подготвил себеси за Бог во него да ја излие незалезната мудрост, вистинската мисла и збор, небесната добрина. Кога човекот се смирува, тогаш љубовта како врв на добродетелниот подвиг во него има Богочовечки образ. Христов образ. Колку, во таа смисла, беше побезнадежна реакцијата на фарисејот?


Духовниот живот не се состои од некакво израмнување на нашите сметки со Бога. Зашто, она што е содржина на нашата побожност, не треба да го извршуваме затоа што тоа така некаде е напишано, или пропишано; дека ова е забрането, а она дозволено; дека едно смее, а друго несмее; или дека ова е според едно правило, а она според друго, - туку едноставно заради нашата љубов кон Бога. Сé да биде од љубов, а не заради нешто. Зашто само кога е од љубов тогаш е заради ништо. Тогаш е вистинско послушание, а вистинското послушание е плод на нелицемерна љубов.

  • Нашата приврзаност кон Бога и кон исполнувањето на Неговите заповеди зависи од тоа колку ќе се научиме да ги љубиме нашите ближни. Зашто овој, фарисејот, имаше одлично познавање за верата на своите предци. Тој ги знаеше по подробност сите закони како и сите оние што и припаѓаа на оваа еврејска каста. Тој го правеше сето тоа што беше пропишано со старозаветниот Закон, но го правеше според обичајот, како традиција, како адет, како средство за правдање, како можност да се биде нешто повеќе од другите. Само слепо следејќи ги формите на надворешната побожност. Меѓутоа неговото срце не се измени од таквото ревнување, токму онака како што тој и не си замина од храмот оправдан, - според заклучокот од евангелското четиво. Зашто тој, наспроти ситничавата предаденост на формалната религиозност, всушност, мислеше многу лошо за оние околу себе, и немаше ниту една трошка љубов во себе за нив. Неговата мизантропија избиваше од секој збор што го беше изустил пред Господа.

 Повеќе

 +Митрополит Методиј Златанов
(Извадок од зборникот со егзегетски беседи “Каскади“, издавачки центар ТРИ, Скопје, 2009.)


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Св. Јован Шангајски: Богојавление

Св. Јован Шангајски: Богојавление

За да се овозможи оваа промена, за природата да се подготви за непропадливоста која ќе настапи после судниот ден, Христос дојде на водите Јордански. Слегувајќи во Јордан, Христос не ги...

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Да го бараме од Бога тоа божествено просветлување, за кое некои од нас имаат не каков мал опит. Понекогаш се отвораат душевните очи и гледаме нешто друго. Тој што го...

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

„Зошто овој род бара знак – за да поверува? Од времето кога Богочовекот Христос ги изговори овие зборови, па до денес, ништо не е променето. И ние денес, исто така,...

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

20/01/2025 - понеделник

Собор на свети Јован Предвесник и Крстител; Светиот маченик Атанасиј;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт 9 јануари / 22 јануари 2025

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт 9 јануари / 22 јануари 2025

Светлината која се покажа на лицето твоеја истера темнината на незнаењето,о, Полиевкте блажен ученику на Љубовта Божја,тебе кого Христос Го...

Тропар на светиот отец Георгиј Хозевит 8 јануари / 21 јануари 2025

Тропар на светиот отец Георгиј Хозевит 8 јануари / 21 јануари 2025

Голем молитвенику пред Господа, подвижнику во смиреномудрието,  учител на монасите во трпението, \ Георгие оче наш преподобен,  застапи се пред Бога...

Тропар на Собор на  св Јован Крстител     7 јануари / 20 јануари 2024

Тропар на Собор на св Јован Крстител 7 јануари / 20 јануари 2024

Глас 2     Споменот на праведникот е со пофалби,  а тебе ти е доволно и сведоштвото на Господа, Претечо, оти навистина...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная