На празникот Сретение Господово, со благослов на Неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф служеше света Литургија во храмот "Свети Димитриј" во Скопје во сослужение со повеќе свештенослужители од Скопската православна епархија. Верниот народ се причести со Телото и Крвта Христови.
Извор: Тетовско- гостиварска епархија