Скопје, 16.02.2014 год.- храм на св.вмч. Георгиј, н. Чаир на празникот на св.Симеон Богопримец
Стихови:
Ако си блудник како мене, биди храбар, оди,
Зашто вратата на Божјите добрини се отвори за сите.
Во Неделата на блудниот син, кога Светата Црква молитвено го празнува споменот на свети Симеон Богопримец, во храмот на св.вмч. Георгиј Победоносец, презвитер Ивица Тодоров отслужи Божествена Литургија. Многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни. Во празничната беседата, отецот токлувајќи го денешното Евангелие, вниманието од параболата за двата сина,- „покажувајќи со оваа Христова парабола дека нема ниту еден грев кој со Неговото човекољубие нема да биде победен“, го насочи вниманието кон постариот син кој иако живее според Божјите заповеди, сепак е подложен на страстите, и сопственото его, со кое впрочем сите се бориме. Укажа на нашата духовна состојба како христијани, дека не сме доволно спремни да бидеме носители на добродетелите и дека сме обврзaни на постојана будност и борба.
старец Паисиј Светогорец
Монасите не се ниту мрзливци, ниту индивидуалци, ниту неуспешни луѓе, туку своеволно се откажуваат од световниот успех, за да успеат духовно. Значи монасите се добрите момчиња од Евангелието, коишто кога ги повикува Христос, не ги примамува ниту богатството, ниту младоста нивна, туку се жртвуваат и Го следат Христа со Крстот. На тој начин се здобиваат со бесценетиот Бисер, и не се занимаваат со суетноста на лажниот живот, бидејќи порано или подоцна сè ќе стане прав и ќе остане несреќна душата на оние што според световните мерила се успешни. Милостивиот Бог нека нè просветли и на сите да ни даде покајание, за да се удостоиме сите за Царството Небесно. Амин.
Преминпортал (Р.К./К.Т.)