логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Sample Image

 
Нова книга од Повардарската епархија

25.02.2014.

Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, се подготви и се испечати книгата „Пејач на покајанието“. Ова ново издание од издавачката дејност при Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“ го преведе, обработи и подготви од руски и бугарски јазик, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел.

Книгата е зборник од Великопосни проповеди, а е подготвена од изворниците: „Глас на Благовестието, Том ІІ“ од Макариополски епископ д-р Николай и „ВРЕМЯ ПОКАЯНИЯ“ од Архимандрит КИРИЛЛ (Павлов). Книгата може да се најде во сите храмови на Повардарската епархија или да се порача директно од издаваштвото на Повардарската епархија на тел. 043 221 231.

 

Во прилог можете да го прочитате и предговорот на оваа книга.

Најубав и најдинамичен период во црковната година е Велигденскиот пост. Во него сѐ се менува: распоредот на богослуженијата, бојата на свештеничките одежди, празнично-покајничкиот карактер на богослужбите, камбаната се заменува со клепало, светлите бои се заменуваат со темни, мрсните продукти на трпезата со посни. Во тој период сиот амбиент во храмот е поинаков, сѐ нѐ потсетува на промена, на очекување нешто да се случи. Така е пред секој голем настан во Светото Писмо и во животот на Светата Црква. Секогаш големите очекувања, големите настани се проследени со пост и молитва. Така е во Црквата, веќе со векови, пред големите празници да се подготвуваме со пост и молитва.

Велигденскиот пост е најдревен и најзначаен во духовниот живот на Црквата. Преку него огласените се подготвувале за Светото Крштение, а христијаните се подготвувале за дочекување на Воскресението Христово, очистени преку постот, молитвата и покајанието, да можат да се причестат со Телото и Крвта Христови.

Покрај постот и молитвата, покајанието е најнагласено во текот на Велигденскиот пост. Светиот и богоглаголив Андреј Критски напишал прекрасно богословско дело, во стихови, во кое преку библиски метафори и алузии нѐ насочува кон длабочините на душата, кон најскриените, најмрачните, најболните места во кои треба да се симнеме, и да Го повикаме Господ Исус Христос да дојде и да нѐ очисти, да нѐ исцели и да нѐ спаси од гревот и од неговата последица – смртта.

Канонот на свети Андреј се чита во првата седмица од Великиот пост, во првите четири дена по еден дел, и на крајот, во четвртокот од петтата седмица се чита цел.

Покрај канонот на свети Андреј Критски, особено место во великопосните богослужби зазема и молитвата на свети Ефрем Сириски „Господи и Владико на мојот живот“, која секојдневно се чита за време на постот, за да ни ја нагласи потребата од нашето покајание и промена, оставање на гревовите и стекнување на добродетели.

Многумина наши браќа и сестри присуствуваат на овие богослужби, но не можат да навлезат во нивната длабочина и смисла затоа што не ги разбираат доволно, не го знаат нивното значење. Токму затоа, гледајќи ја пастирската потреба од ваква книга, и за да им ја доближиме убавината и длабочината на овој период со сите негови елементи на сите наши браќа и сестри православни христијани, ја преведовме и објавуваме оваа книга со великопосни проповеди, насловена како „Пејач на покајанието“.

Досега многупати се објавувани проповеди за евангелските читања, а во оваа книга, за првпат во историјата на нашата Света Македонска Православна Црква се објавуваат проповеди кои се базираат на апостолските читања. Во неа се опфатени неделите од Велигденскиот пост, почнувајќи од неделата на Митникот и Фарисејот, потоа голем број проповеди за Канонот на свети Андреј, кои всушност претставуваат централна тема на оваа книга, и проповеди за Великата или Страдална седмица, кои завршуваат со проповедта на Велика Сабота.

На сите кои сакаат да ја разберат убавината на Великиот пост и свесно да учествуваат во великопосните богослужби, од длабочината на моето срце им ја препорачувам оваа книга, можеби не многу голема по бројот на страни, но огромна според своето значење.

Бог да ги благослови сите кои читаат и се поучуваат во верата, и се трудат да растат во животот според Христа и во Христа. Амин.
 
Митрополит Повардарски
† Агатангел

Извор :  http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe/


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Нашиот однос кон Бог е давање. Само на тој начин ќе познаеме колку Он, веќе, целосно ни се дал, во Домостројот на Спасението.“

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

« »

Најнови вести

Православен календар

 

08/07/2026 - среда

Петровденски пости; (строг пост)

Преподобната маченичка Февронија; Преподобен Дионисиј ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни  2026

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни 2026

 Захарија не поверува веднаш во зборовите на Божјиот известител и затоа јазикот му се врза со немост, па остана нем...

Тропар на св. Христов преподобен Наум Охридски  3 јули/ 20 јуни 2026

Тропар на св. Христов преподобен Наум Охридски 3 јули/ 20 јуни 2026

    Соединувајќи се со Христа, си го оставил светот, живеејќи по Дух,

Тропар на св. Христов апостол Јуда 2 јули/19 јуни  2026

Тропар на св. Христов апостол Јуда 2 јули/19 јуни 2026

Како Христов сродник познавајки те о Јудо,и како храбар маченик свештено те восфалуваме,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная